• Latest

Ова нема крај… СДСМ повикува да се донесе Законот за Јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ повикува на предвремени избори

September 2, 2019
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Ова нема крај… СДСМ повикува да се донесе Законот за Јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ повикува на предвремени избори

Наспроти изјавите на Јавното обвинителство дека Зоран Заев не е инволвиран во случајот „Рекет“, ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврди спротивното, но никако не се појавува со докази пред релевантните институции. Се наметнува прашањето, дали тие знаат нешто повеќе од тоа што го кажуваат или само водат пропагандна војна. Одговорот на ова прашање, самиот се наметнува... 

September 2, 2019 18:43
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Читајќи ги вестите…

СДСМ уште еднаш ги повика Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ „да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото“. Тие очекуваат од своите политички ривали да ја докажат таквата заложба (за правда) со тоа што ќе „дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство и да докажат со дела, а не само со зборови дека се за неселективно владеење на правото“.

Овој повик е во дијаметрална спротивност со повиците на ВМРО-ДПМНЕ кои во своите соопштенија се потпираат врз содржини што се појавуваат во медиумите како Инфомакс и Курир во земјава или Ла Верита и Фејсбук објавите на веќе добро познатиот Гајсер кој стои зад објавувањето на „бомбите“ за случајот „Рекет“.

„Крајно време е ЈО да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат“ – повикува ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение од 1 септември.

И додека СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да овозможи донесување закон за јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ упорно тврди дека „развлекувањето на случајот Рекет може сериозно да го стави под знак прашалник нашето отпочнување на преговори со ЕУ“.

Веднаш по соопштувањето на резултатите од истражувањето на Тим Институт, ВМРО-ДПМНЕ нервозно го реактивира своето барање за предвремени избори со формулацијата: „Граѓаните не заслужуваат да бидат жртви заради погубните и криминогени политики на Заев. Власта треба да распише предвремени парламентарни избори час поскоро. За иднината на Македонија се работи.“

Наспроти изјавите на Јавното обвинителство дека Зоран Заев не е инволвиран во случајот „Рекет“, ВМРО-ДПМНЕ упорно го тврди спротивното, но никако не се појавува со докази пред релевантните институции. Се наметнува прашањето, дали тие знаат нешто повеќе од тоа што го кажуваат или само водат пропагандна војна. Одговорот на ова прашање, самиот се наметнува…

Како и да е, во своето соопштение, СДСМ не им останува должно, па вели: „Како што се размотува клопчето во случајот „Рекет“, така стравот  и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ стануваат се поголеми. Заврши времето кога од партиски штабови се командуваше како да се водат истраги, како се нарачуваат судски процеси и пресуди. Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Денес, правната држава функционира неселективно за сите.“

Едноставно, изгледи за приближување на ставовите на повидок нема. Законот не е донесен, ВМРО-ДПМНЕ бара избори и обвинува за вмешаност во „Рекет“, а владејачката партија токму тој случај го смета како успех на институциите на правдата и порачува: „Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара.“

Ова нема крај. ВМРО-ДПМНЕ бара разврска на „Рекет“ во екот на очигледна разврска, а истовремено Законот за Јавно обвинителство сѐ уште е заглавен во собраниска процедура.

Сосема е очигледно… Главните протагонисти во предметите на СЈО имаат силно упориште во ВМРО-ДПМНЕ, впрочем, тие се и функционери на партијата, кои на секаков можен начин ја опструираат правдата од првиот ден на постоењето на СЈО.

Според нив, правда не смее да има, па нека биде тоа и по цена на предвремени избори, политичка криза, меѓуетнички тензии, прекинување на сите процеси, почнувајќи од помирувањето, завршувајќи со напорите за отпочнување преговори за членство во ЕУ.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share39TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ