ЗОРАН ИВАНОВ
Претседателката на Република Северна Македонија и денеска, на својата завршна годишна реч во Собранието, не мораше многу да се труди за да си остане бледа копија на нејзиниот партиски ментор Мицкоски, проговори за најактуелната македонска работа со ЕУ интеграциите и ја утна темата пренесувајќи ги а, наспроти фактите, фантазиите на Мицкоски дека се можни уставни промени надвор од Рамката и тоа во време кога ептен тазе, само пред некој ден, тој изеде ќотек на ЕУ самитот во Брисел каде што на темата одложено дејство на уставните никој жив не го есапеше и се врати во Скопје со празни раце но и по таа бриселска лекција, еве и Сиљановска Давкова упорно опстојува со тоа одложено уставно, не успеа барем малку да се одвои, да се одважи и барем малку од малку да го заврти кормилото, да подзастане на потрезвена, пореална и поостварлива страна за македонските ЕУ интеграции, да прогресира во својата политика но, наместо тоа и таа продолжува гордо да ја изолира Нашата и со нејзината вин-вин практично порача Брисел да си продолжи да нè откачува па, кажано во оваа една реченица, останува нејасно и засега без одговор дали ова со одложено уставно е само вин – вин заблуда на двоецот Мицкоски – Сиљаноска или е само смислена предаја на македонските национални интереси.