• Latest

Јовановиќ: Не постои социјална правда!

May 19, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јовановиќ: Не постои социјална правда!

May 19, 2017 12:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ненад Јовановиќ, граѓански активист од Кавадарци, во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, потенцира дека на локално ниво се потребни повеќе граѓански организации што би дејствувале и би се бореле за артикулација и анимирање на повеќе проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Според него, кога станува збор за социјална правда, заштита на работничките права и узурпацијата на јавниот простор, и на локално ниво важат истите правила од „големата слика“ на национално ниво.

„Социјална правда во Македонија не постои! Тоа во превод значи, мала група на луѓе се богатеше, додека 95% од луѓето ужасно осиромашуваа по разни основи. Социјална правда не е само правда на некакви богатства, пари, некоја материјална корист, туку таа е и хуманизам, правичност, работна застапеност…“,  ни изјави Јовановиќ.

Тој смета дека социјална состојба во Македонија е резултат на авторитарниот популизам што ја узурпира целата држава и сите институции и јавни добра за лична корист на група луѓе.

Како пример за состојба со работничките права во Кавадарци, Јовановиќ ја истакна странската инвестиција „Дрекслмаер“ и односот кон работниците, тврдејќи дека работат и за 9.400 денари, со проблеми на работното место, беа адекватна опрема…

Споредувајќи ја ситуацијата со главниот град и со узурпацијата на јавниот простор со проектот „Скопје 2014“, Јовановиќ рече: „Реално, во Кавадарци нема узурпација на јавниот простор, како било пред десет години, така е и сега. Моја лична болка е што ги исекоа сите дрва од Домот на културата па надолу, по целата улица…“

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска


Интервјуто е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: јавен просторКавадарциНенад Јовановиќработнички правасоцјална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ