• Latest

Јовески: Јавното обвинителство не смее и нема да биде продолжение на извршната власт

December 29, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јовески: Јавното обвинителство не смее и нема да биде продолжение на извршната власт

December 29, 2017 09:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство (ЈО) не смее и нема да биде продолжена рака на извршната власт, одлуките од оваа сфера ќе се носат исклучиво во ЈО, а не во центрите на моќ или во центрите на влијание, порача вечерва во 24 Анализа новиот јавен обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески.

Јовески истакна дека Јавното обвинителство треба да биде самостоен орган надлежен за гонење на сторителите на кривични дела, на организираниот криминал и корупцијата.

Тој не се сретнал со поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски при примопредавањето на функцијата, бидејќи како што рече, функцијата долго време ја вршеше в.д. јавниот обвинител Лилјана Спасовска.

Јовески рече дека немал контакт ниту со членовите на Владата, не се сретнал со премиерот Зоран Заев, ниту пак со некого од новиот пратенички состав.

За тоа како останатите обвинители дозволувале да се носат одредени одлуки и како никој не можел да му се спротивстави на Зврлевски, нагласи дека Обвинителството работи по строги хиерархиски начела и оти самиот јавен обвинител ја обојува работата на целото обвинителство.

„Имаше членови кои остро се спротивставуваа на седниците на Советот на јавни обвинители за одредени одлуки, а еден од нив бев јас. За голем дел од прашањата при гласањето останував сам или во најдобар случај имав поддршка од само уште од еден колега“, рече Јовески.

Не сакаше да каже дали обвинителството стигнало до нарачателот на настаните во Собранието од 27 април поради интерес на истрагата, а за приведените поради настаните во Собранието нагласи дека ЈО ќе истражи и врз основа на факти и докази ќе преземе соодветно кривично гонење или ќе донесе друга јавнообвинителска одлука.

„Во моментов е оценето дека тие луѓе ја преминале законската граница“, рече Јовески и додаде дека Обинителството не гони никого, зашто е уметник, пратеник, туку зашто е утврдено дека има постапки за дејствија согласно Кривичниот законик.

За Специјалното јавно обвинителство смета дека би требало да биде дел од Јавното обвинителство, но тоа, како што оцени, треба да се реши со законски измени.

Tags: Јавно обвинителствоЉубомир ЈовескиСЈО
Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ