• Latest

„Паднаа“ уште двајца послушници на Груевски – Жугиќ и Димитров

July 14, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Паднаа“ уште двајца послушници на Груевски – Жугиќ и Димитров

July 14, 2017 14:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска донесе решение за разрешување на директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, и на  НУ Театар „Комедија“ – Скопје, Јелена Жугиќ. Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театарот „Комедија“ е именувана Мирјана Поповска – Ристов.

Министерството ја информира јавноста дека „единствена цел на назначувањето на в.д. директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори“.

Веднаш штом за тоа се исполнат законските услови, Министерството за култура, низ целосно отворен и транспарентен процес, ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување на нови директори, на кои сите заинтересирани кандидати од самите институции, но и надвор од нив, ќе можат да ги предложат нивните програми и визии за департизација, заздравување и унапредување на работата на културните институции во Република Македонија.

Министерството за култура им честита на назначените вршители на должност директори на овие институции, пред сè, како што се вели во соопштението, „на нивната демонстрирана храброст да се зафатат за оваа мошне тешка, компликувана и одговорна задача, и да одговорат на сериозниот предизвик да се овозможат основни услови овие институции да ја вратат нивната функција и да бидат во служба на јавниот интерес и на сите граѓани подеднакво.“

Сменетите Братислав Димитров и Јелена Жугиќ ќе останат запаметени по говорот на омраза што го сееја во јавноста, пресметувајќи се со неистомислениците на режимот на Груевски. Жугиќ заговараше употреба на боева муниција против демонстрантите кои бараа слобода, правда и демократија, а Димитров истураше лавини од обвиненија и клевети против активистите за човекови права. И двајцата се дел од Црната револуција која кулминираше со екстремно насилен напад на Собранието на Република Македонија и обид за убиство на пратеници на 27 април 2017 година.

Tags: Братислав Димитровговор на омразадиректориЈелена ЖугиќМинистерство за културасмена
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ