• Latest

Палестинското барање за полноправно членство во ОН е проследено до надлежниот Комитет

April 8, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Палестинското барање за полноправно членство во ОН е проследено до надлежниот Комитет

April 8, 2024 22:10
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачката со Советот за безбедност на Обединети нации, амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзи денеска го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на Светската организација до надлежниот Комитет за прием на нови членки.

Таа истакна дека барањето ќе се разгледува денеска, а расправата мора да се одржи во текот на месецот додека Малта претседава со СБ на ОН.

– Искрено се надеваме дека по 12 години стекнување статус на држава набљудувач, во СБ ќе се постигне консензус за решение за две држави со прием на Палестина со полноправно членство во ОН, истакна палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Минатата недела палестинските власти официјално побараа СБ да го преиспита барањето од 2011 година Палестина да стане полноправна членка на ОН.

За време на седницата, 15-члениот Комитет прво го оценува барањето и утврдува дали земјата кандидат ги исполнува условите за прием во членство во ОН, а потоа носи одлука – или да го одложи приемот или да го испрати до СБ на формално гласање. За прием во членство потребни се најмалку девет гласа во Советот за безбедност на ОН, без вето од петте постојани земји-членки – САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан посочи дека палестинската држава ќе претставува „закана за националната безбедност на Израел“.

– СБ моментално расправа за признавањето на „палести-наци држава“ … исполнувањето на тоа барање ќе биде најгрозоморната награда за најгрозоморните злосторства. Самото разгледување на ова барање веќе е победа за оние кои ги извршија и ги поддржаа невидените напади на Хамас врз Израел на 7 октомври. Што е следно, членство на Исламска држава во ОН?, истакна Ердан.

Тој смета дека идејата за доделување статус на држава на Палестинците е спротивна на идејата за постигнување „трајно решение на преговарачка маса“.

Палестинците имаат статус на држава набљудувач во ОН, како и Ватикан, од 2012 година. Минатата недела тие официјално го оживеаја барањето за полноправно членство во ОН од 2011 година.

Се претпоставува дека САД ќе стават вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во ОН исто како што се спротивставија во 2011 година.

Нашиот став не е променет, децидно изјави денеска заменик-амбасадорот на САД, Роберт Вуд, повторувајќи дека признавањето на палестинската држава мора да се направи во рамките на договорот со Израел, а не во ОН.

Tags: Палестиначленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ