• Latest

Пандемија на насилство

September 23, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пандемија на насилство

Да, секојдневни убиства, насилство, силувања, педофилија, крајности на болното искуство, на физичката и моралната гадост, расипаност и бесрамност, беда, потсвест растргната од мрачните сили на уништувањето и понижувањето...

September 23, 2019 10:58
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИЛАН БАНОВ

Што да се каже за една држава кога бројот на сивите денови во неа ќе почне да тече во повеќегодишен континуитет, потврдувајќи ни дека нашето животно тркало го осветлуваат само некои лажливи сонца. Тогаш, во таква ситуација, веројатно може да се разбере и сивилото на лицата на луѓето, кои проклето долго, небаре во самонаметнат егзил, потонале длабоко во себе. И од таа безнадежна позиција, во која сè поцврсто стануваме уверени во метафизичкиот нихилизам на светот без бог, се родиле и нашите веќе сосема препознатливи расположби депресијата и рамнодушноста, но и уште по нешто што можеби може да се дефинира како темна страна на инстинктот.

Ако се проследат вестите, и тоа само во едно нецело деноноќие, сето она црнило што го обоило секојдневието и кое заедно со несигурната политичка ситуација длабоко навлегло кај нас, не може а да не се соочите и да не констатирате буквално инфлаторни димензии на распослано насилство. И од таа црна хроника селектирам само неколку наслови од последните два дена, настани кои, сигурен сум, одат во прилог на мојата констатација за пандемичните размери на насилството: „Напад во комплексот клиники Мајка Тереза “, „Разбојништво во спортска обложувалница“, „Четиринаесет годишно момче нападнато со остар предмет“, „Нападнат полицаец на улица  Бутелска“, „Четири лица киднапирале маж, па го тепале“, „Малолетник се обидел да силува девојче во Штип“, „Професорка од Велес добивала закани по живот“, „Дадилка тепала дете“…

Да, секојдневни убиства, насилство, силувања, педофилија, крајности на болното искуство, на физичката и моралната гадост, расипаност и бесрамност, беда, потсвест растргната од мрачните сили на уништувањето и понижувањето… И кога е тоа така, кога таквите слики безмалку се организирале во систем и кога изливот на гнев и насилство може да дојде од  секаде и од секого, дали тогаш докрај можеме да се согласиме со мислењата на психијатрите дека насилниците се во поодминат стадиум на ментална болест, со психички растројства и со скусено рацио, кое не ги препознава последиците. Или, можеби, може да се придодаде уште нешто. Да речеме, да се дополни и со тоа дека и во тој изгубен идентитет, каде што психичката ситуација стои спротивставена на свесната активност, секојдневието (да го исползувам Јунг) сепак имало силно влијание и силна внатрешна кохеренција и сопствен интегритет. Со други зборови, „мрзливиот ум“ на кој се повикуваат психијатрите и психолозите, сепак, се чини, во нашава македонска приказна не заборавил, покрај задоволувањето на анималниот порив, сосем чисто да размислува  и пред себе да го има и секојдневието, сопствениот живот кој го втурнал во психичка неурамнотеженост.

И сега можеби доаѓа клучното прашање: дали насилството, кое како метастази ползи низ државата, може да се сведе на поединечни случаи, произлезени од болниот ум кој ја дезинтегрира личноста или свое влијание врз нештата има и определена ментална корозија на општеството во кое сè потешко се препознаваат вистинските вредности? Имајќи ја пред себе медиумската застапеност, споменатата инфлаторна појавност на насилството во земјата, кога и психички здравите се однесуваат ненормално, бездруго не може да се отфрли ниту претпоставката дека и самиот живот, оној секојдневниот,  парадоксално, истовремено нè направил и безволни и рамнодушни и гневни и насилни. Така, можеби ќе прозвучи грубо, но некако како да е избришана границата, разликата меѓу препознаените и непрепознаените психички неурамнотежени личности, па сите сме во една ментална институција, во свет во кој лудилото е природна последица на животот. И таму во тој живот од хоспитализираните се бараат поголеми ментални жртви кои не можат да се поднесат, а тоа, ќе се согласите, создава притисок и продуцира неспособност да се комуницира нормално, да се биде способен за љубов, добрина, чест, достоинство… Затоа се комуницира на начин здивен од гнев, со силата на аргументите на огненото и студеното оружје, на камењата, бејзбол-палките, тупаниците…

Во тој и таков свет, каде на полицајците им се закануваат со убиство, кога ножот е сосема близу да го прекине животот на малолетно момче, кога дадилката го тепа детето  за кое треба да се грижи…, нашите меѓусебни односи, ќе рече чилеанскиот писател Хосе Доносо, се сведени на размена на „меки маски“ кои лесно се ставаат и уште полесно се вадат. За да се заменат со други како нужен сурогат произлезен од „законот за супституција“, кој ја заменува животната суштина на постојниот маскенбал во земјава.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ