ЦИВИЛ организира панел дискусија насловена „Млади, перспективи…“ која ќе се одржи на 24 декември 2020 година, четврток, во Хотел Сити Парк, во Скопје, со почеток во 12 часот.
На панелот како говорници ќе учествуваат Стефани Спировска од МОФ, Борјан Ефтимов, Претседател на УСС, Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ и Ангела Петровска, новинарка и дел од екипата на ЦИВИЛ Медиа. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, како и со физичко присуство и ќе трае најмногу еден час и 20 минути. Панел дискусијата ќе биде емитувана во живо на Фејсбук страницата, како и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ ги поканува медиумите и сите заинтересирани да ја следат и слободно да преземаат содржини. Содржините од панел дискусијата ќе се објавуваат и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ.
За време на дискусијата, модераторот ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесува до учесниците на дебатата и ќе ги очекува вашите размислувања и ставови.