Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, денеска продолжува во Штип, со понел дискусија со петте кандидати за градоначалник на Штип за предвремените локални избори закажани на 13 декември.
Панелот започнува во 12 часот во хотел Оаза, а панелистите или кандати за градоначалници што ќе учествуваат во дискусијата се Симон Поликрап Интегра, Гоце Ангелов, Коалиција „Иднината во наши раце“, Сашко Николов, СДСМ, Трајче Митев, независен кандидат, Лазар Наомов, ТМРО. Панел дискусијата ќе ја модерира Џабир Дерала.
Панелот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.
За време на дискусијата, модераторот ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесува до учесниците во дебатата и ќе ги очекува и вашите размислувања и ставови.