• Latest

Панел на ЦИВИЛ: Шуто Оризари, заборавена општина

September 13, 2022
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Панел на ЦИВИЛ: Шуто Оризари, заборавена општина

September 13, 2022 11:14
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На панелот на ЦИВИЛ „Шуто Оризари, заборавена општина“, учесниците Курто Дудуш, лидерот на политичката партија ОПРЕ Рома, Тефик Махмут и Алберт Мемети од Ромалитико / АВАЈА, дискутират за постојаната дискриминација на општина Шуто Оризари од страна на институциите.

Настанот се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.

-Општина Шуто Оризари вчера ги поддржа само граѓаните на Шуто Оризари, затоа што Градот Скопје немал слух за нивните потреби. Граѓаните сакаа многу поодамна да излезат на протести, но ние пробавме тоа да го направиме на еден пософистициран, модерен начин без протести. Баравме средба со градоначалничката, но таа, за жал како да бега од комуникација, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

-За една година ние имавме само еден состанок. На тој прв состанок според кажувањата на градоначалничката таа ни навести дека ќе се води политики за Шуто Оризари што ги има во нејзината програма, а ние да водиме паралено, односно ако она пушти некоја улица во употреба, ако сака градоначалникот на општината може да дојде, но и немора, додава Дудуш.

-Градоначалничката Арсовска во предизборната програма вети дека истата ќе биде надополнета и дека има конкретни проекти кои се брзи и сигурни решенија за старите проблеми на Шуто Оризари. Исто така вети дека ќе се посвети на проширување на „македонско-косовска бригада“ од чаир до Шуто Оризари, дека ќе обезбеди побрзо и побезбедно патување, што всушност е и најболната точка во нашата општина. Вети и продолжување и проширување од Булевар „Словенија“, како и ветувањето дека токму од Шуто Оризари повторно ќе покажеме дека Скопје се грижи за своите граѓани. Ветуваше и базен во Шуто Оризари.

-Значи, за жал, помина повеќе од една година а во општината имаме нула инвестиции од Град Скопје, потенцира Дудуш.

-На разни политички дебати пред избори имаме ветувања од градоначалници, советници дека прашањата ќе се решат, како на локално, така и на национално ниво. Ние ги следиме тие предизборни ветувања и ги држиме отчетни општините за време на добиениот мандат. До сега имаме поднесено буџетски барања во 20 општини. Тоа го правиме низ партиципивен процес заедно со граѓаните, вели Алберт Мемети од Ромалитико / АВАЈА, кој додава дека една практика која што треба да се смени во сите општини е дека граѓаните треба да имаат учество во креирањето на буџетите во општините.

-Секој граѓанин плаќа различни даноци на општините и затоа општините треба да реинвестираат во самото население, смета Мемети.

-Мора да имаме предвид дека 30 години нашите ромски маала во различни општини се заборавени. Кога требало да се инвестира изговор било дека се немаат средства, додека ние како граѓани активно ги плаќаме даноците, локалните такси. За жал имаме мала ренспонзивност. Можам да кажам дека Општина Штип има позитивно одговорено, Општина Кочани веќе три години ги има парите за креирање на типски куќи, односно да се смести населението од касарната, каде што веќе 20 години живеат. Значи средствата ги има на сметка, но ништо не се прави, затоа што дискриминацијата е многу изразена, односно самото локално население не дозволува да се градат овие куќи, вели Мемети.

-Ние имавме состанок со градоначалникот на Кочани, каде што добивме ветување дека се бара нова локација за изградба на тие типски куќи, но како што времето поминува, останува само на декларативни ветувања, додава Мемети.

-За да се постигне регионалниот развој, треба во општините кои што имаат помал фискален капацитет да се направи забрзана ставка на инвестиции. Ние како движење даваме активна поддршка за овие барања, затоа што потребно е ромските маала во 21 век да имаат водовод, канализација и асфалтиран пат, вели Мемети.

-Би сакал нешто да потенцирам за да не бидеме погрешно сфатени – дека ние само бараме, но ништо сами не правиме во нашата општина. Напротив, ние градиме многу во нашата општина – атмосферска канализација од пет километри со поддршка од Владата. Постојано градименови улици, коловози, паркови. Значи ние работиме, но исто така, бараме паралелно и од градот кога инвестира во други општини да не не заборава, вели Дудуш.

-Околу градскиот превоз – тоа е една класична дискриминација на цела населба, на цел народ, на 40.000 граѓани. И за ова немаат логичен одговор. Бев на состанок со директорот на ЈСП, разговаравме, му давав предлози како да го решиме ова прашање. Не можеш во среде лето на 35 степени да се возиш во автобус каде се е затворено, искршено, прозор не можеш да отвориш, изјави Дудуш.

-Вчера на протестот имаше и Македонци и Албанци и Босанци. Сакам да го побијам тоа дека само Роми протестираа. Излеговме во голем број да протестираме затоа што градоначалничката не наоѓа за сходно да комуницира, додава Дудуш.

Во однос на некомуникативноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со институциите, новинарите и другите градоначалници, градоначалникот на општина Шуто Оризари вели дека таа му посочила дека може да комуницираат преку службените мејлови.

„Вчера излеговме во толку голем број, масовно, да направиме протести пред Град Скопје, затоа што градоначалничката не наоѓа за сходно да комуницира. За жал, читаме секој ден по социјалните медиуми дека и други институции се жалат на слабата комуникација, па дури денеска излезе дека и вие, новинарите се жалите за тоа дека нема фидбек од градоначалничката. Секогаш кога ќе ја побарате, или го немате незиниот број, или не добивате одговор. Јас можам да го потврдам тоа, лично. Јас немам телефонски број од градоначалничката, а во еден разговор, кога побарав од неа да ме стави во некоја група каде што се сите градоначалници, или да ми даде нејзин број за комуникација, ми кажа дека можеме да комуницираме преку службениот мејл на Град Скопје.“, посочи Дудуш на панелот на ЦИВИЛ „Шуто Оризари, заборавена општина“. 

Д. Варошлија

Камера: Атанас Петровски

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ