• Latest

Пановски: Отстранување или легализација на „Воинот на коњ“ и порта „Македонија“

June 3, 2018

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пановски: Отстранување или легализација на „Воинот на коњ“ и порта „Македонија“

June 3, 2018 15:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Споменикот „Воин на коњ“ и порта „Македонија“ се дивоградби и затоа треба да бидат отстранети или да бидат легализирани, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од Комисијата за анализа на проектот „Скопје 2014“.

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Пановски посочува дека работната група за „Скопје 2014“ работи на принцип да ги утврди неправилностите при добивање градежни дозволи, односно процедуралните работи околу изградбата.

– Мислам дека во сите досегашни анализирани извештаи, скулптури, евидентиравме дека процедурите од почеток се противзаконски. На тој начин всушност сите градби кои што се од „Скопје 2014“, овие што сме ги истражиле досега, можеме да сметаме дека се дивоградби. Од самиот почеток онаа надлежност што ја има за поставување на споменици, ниту едно не е преку Собрание, кое што е надлежно за поставување споменици, сите скоро се поставени или од општина или од Град Скопје, од тој момент натаму се би требало да биде ништовно, рече Пановски.

Според него, треба да се работи подлабока анализа иако, како што рече, се нарушени сите тие законски процедури, треба да се навлезе во подлабока анализа што има во тие објекти, бидејќи во објектите во овој период поголем дел што сме го истражиле се скулптури. Во интервјуто вели дека во проектот се инвестирани поголема сума на пари, а на крајот што со тој дел ќе биде политичка одлука, а не стручна.

– Досега се изготвени извештаите за „Воинот на коњ“,  порта „Македонија“ и онаа скулптура што е кај Министерството за транспорт и врски, каде што е фамилијата на Александар Македонски. За жал се уште не можеме да ги добиеме, толку е замрсена работата што проектите не можат да се добијат бидејќи не се знае каде се. Процедурално се водени така што одлуката на општината е под едно име, проектот е со друго име, дозволата е со трето име, вели Пановски.

Според него, одлуката е на власта дали ќе го почитуваат законот или не.

– Одлуката е дали ќе го почитуваат законот или не. Се знае и убаво е пропишано со бесправно изградени објекти како се постапува. Може да го пуштат на легализација, тоа е исто така одлука, бидејќи законот важи се уште. Општините може да ги легализираат тие објекти, но во моментот се дивоградби. Општините по службена должност треба да прашаат и кој ја издал градежната дозвола, која што не би смеело да се издаде, каде се тие луѓе и дали некој ќе одговара за тоа, смета Пановски.

Тој објаснува дека освен Скопје и цела држава има проблем со урбаното планирање. Смета дека урбаното планирање и архитектурата е сведена на изготвувачи на документација.

– Како држава вие имате Закон за градење и Закон за урбанистичко планирање, тоа значи вас ве интересира да испланирате нешто и да го изградите, како ќе го изградите како држава не ве интересира, бидејќи немате закон за архитектура. Оние кои треба да бидат лидери за нешто како ќе се развива се сведени на изготвувачи на техничка документација, израмнети сме и не знам зошто не чуди каков ни е градот, дури и добар ни е градот. Урбанистите во какви услови работат и колку се платени, феноменално изгледа градот и навистина се чудам како успева вака да изгледа, вели Пановски.

Tags: „Воинот на коњ“легализацијаМартин Пановскиотстранувањепорта „Македонија“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ