Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ја осуди нуклеарната закана за Украина и изрази жалење што во Европа „се гази мирот“.
Во своето обраќање на мировниот собир во Колосеумот, тој истакна дека се случува она од што сите се плашеа, а тоа е употребата на атомско оружје, чие производство продолжи и по Хирошима и Нагасаки.
Оваа година нашата молитва стана крик, бидејќи денес мирот сериозно се нарушува и гази, и тоа во Европа, односно на континентот кој во минатиот век ги почувствува трагедиите на двете светски војни, нагласи папата Франциск на собирот организиран од италијанската заедница Свети Еџидио.
Со собирот во римскиот амфитеатар заврши тридневната средба за мир.