• Latest

Парада на гордоста во Сараево, наспроти поделбите, дискриминацијата и конзервативизмот

September 8, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Парада на гордоста во Сараево, наспроти поделбите, дискриминацијата и конзервативизмот

Се одбројуваат минутите до почетокот на првата Парада на гордоста во Сараево. Градот е под полициска опсада, преземени се најстроги можни мерки на безбедност. Поворката на гордоста ќе тргне во 11 часот денеска, кај монументот „Вечниот оган“, по улицата Маршал Тито и ќе заврши пред босанскиот парламент, според рутата што ја објавија организаторите. Најавени се околу 500 учесници.

September 8, 2019 09:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот на Сараево е под полициска опсада за да се обезбеди непречена Парада на гордоста во овој поделен град. ЛГБТИ заедниците се дискриминирани и според законот, но и во секојдневниот живот. Овој настан денеска има протестен карактер, а основното барање е да се почитуваат основните човекови права и слободи на сите подеднакво, па така и на, како што ги нарекуваат, сексуалните малцинства.

За разлика од порано, кога ги затвораа очите пред насилството, оваа година сараевските кантонални власти и полицијата се целосно кооперативни. Голем број специјални полицајци се распореден насекаде низ центарот на градот, а властите понудија целосна заштита на сите што денеска ќе маршираат во центарот на Сараево.

„Ima izać“ (има за излегување) е слоганот на првата Парада на гордоста во оваа земја која страда од етничка и верска поделеност, во која доминираат конзервативните сфаќања за семејството и бракот.

Поворката на гордоста ќе тргне во 11 часот денеска, кај монументот „Вечниот оган“, по улицата Маршал Тито и ќе заврши пред босанскиот парламент, според рутата што ја објавија организаторите. Најавени се околу 500 учесници.

Рута на Парадата на гордоста во Сараево, 8/9/2019

На денешната парада ѝ претходеше Марш на традиционалните семејни вредности кој се одржа вчера. Подготовките на Парадата на гордоста се придружени со голем број закани по животот на организаторите, говор на омраза на социјалните мрежи и закани од радикалните структури. Денешниот настан е оценет како високо ризичен.

Марш на традиционалните семејни вредности (7/9/2019), како контра протест на Парадата на гордоста (8/9/2019) во Сараево

Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, чија канцеларија во Сараево вчера прослави 20 години од основањето, ја поддржува оваа иницијатива. Претставници на македонски граѓански организации, меѓу кои и ЦИВИЛ, се дел од активностите за одбележување на 20-годишнината на канцеларијата на Фондацијата, но во знак на поддршка, ќе бидат и дел од поворката на гордоста денеска во Сараево.

Џабир Дерала
од Сараево

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ