• Latest

Парламентарни избори во Грузија: Избор меѓу Истокот и Западот-пресвртна точка на демократијата

October 29, 2024

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Парламентарни избори во Грузија: Избор меѓу Истокот и Западот-пресвртна точка на демократијата

October 29, 2024 12:32
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во саботата, 26 октомври, гласачите во Грузија излегоа на гласање на многу одлучувачки парламентарни избори што се сметаа за избор помеѓу Западот и Русија. Изборната администрација на Грузија (ЦЕЦ) ја прогласи владејачката партија „Грузискиот сон“ (ГД) за победник со 54% од гласовите. Меѓутоа, опозициските партии одбија да ги признаат резултатите, со оглед на тоа дека има многу извештаи за изборна измама и валкани игри од страна на сé повеќе авторитарната ГД.

Грузискиот сон

ГД, која се смета за претежно проруска, се претстави како партија на мирот, додека ги обвинува опозициските партии дека сакаат да провоцираат нова војна со Русија. Истовремено, спроведува сé повеќе авторитарни мерки, како што е неславниот закон за странски агенти и забраната за ЛГБТК+ ‘пропаганда’ во училиштата, и двете по моделот на закони што биле спроведувани во Русија во минатото. Покрај тоа, основачот на ГД, Бидзина Иванишвили, повеќе пати изјави дека неговата партија ќе ја забрани целата опозиција доколку добие мнозинство во парламентот.

Меѓу другото, ова однесување сериозно ги намали шансите на Грузија да стане членка на ЕУ во скоро време. Освен тоа, ГД одби да спроведе санкции кон Русија за нивната агресија врз Украина, бидејќи, според нив, тоа само би го ескалирало конфликтот.

Опозициските партии настапија на овие избори со проевропска агенда во поддршка на брз процес на напредок и против влијанието на Русија и владеењето на ГД. Поради оваа причина, изборите се сметаа за избор помеѓу проруска или проевропска иднина за Грузија.

Резултати

Во саботата, и ГД и опозициските партии прогласија дека ги освоиле изборите врз основа на различни анкети. Според излезната анкета на Имеди ТВ, про-ГД медиумски канал, ГД ги освои изборите со 56% од гласовите, додека комбинираната опозиција не освојува повеќе од 44%. Според анкетите на Мтавари ТВ, опозицијата ќе победи на изборите со 48% од гласовите, додека ГД ќе добие само 42%. Едисон Рисрч, предвиде дека 52% од гласовите ќе одат на опозицијата, додека само 41% ќе одат на ГД. Во претходните избори, Едисон Рисрч беше прилично блиску до крајниот резултат на изборите во Грузија.

Кога ЦЕЦ ги објави официјалните резултати, каде што ГД освои 54% од гласовите, и претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, и сите опозициски партии ги оспорија овие резултати и ја обвинија ГД за изборна измама и мешање кај гласачите. Ова е во согласност со извештаите на набљудувачите на изборите кои беа сведоци на многу случаи на нерегуларности при гласањето. Премиерот на Грузија, член на ГД, меѓутоа, изјави дека овие нерегуларности се само нормални за една демократија и се гледаат во многу случаи низ Европа. 

Нерегуларности при гласањето

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) водеше мисија за набљудување на изборите во Грузија и извести за голем број нерегуларности. Според нив, 6% од набљудувачите на изборите, „значително висок број“ го оцениле своето набљудување како негативно поради мешање и заплашување на гласачите. Покрај тоа, тие констатираа случаи каде партиски претставници, главно од ГД, го снимале процесот на гласање и каде гласачите се следени откако го дале својот глас. Ова се примери за заплашување на гласачите што се случуваше низ целата земја.

Меѓународното општество за фер избори и демократија (ИСФЕД), исто така, беше присутно како набљудувач на изборите и откри слични нерегуларности. Тие известуваат за случаи на „масовно полнење на гласачки кутии“ каде што се поднесуваат гласови кои не биле дадени од никого и случаи на луѓе кои можеле да гласаат повеќе пати. Тие пријавиле нерегуларости на 91% од избирачките места што ги посетиле.

Мојот глас (My Vote), мисија за набљудување на изборите на грузиски граѓански организации, исто така, пријави многу нерегуларности и намерна шема за влијание на изборите. Според нив, недостатокот на дејствување против гласачките измами на властите јасно покажува дека на сторителите им била ветена неказнивост и покажува вмешаност на владеачката партија.

Освен тоа, за грузиската дијаспора, која главно ја поддржува опозицијата, многу е тешко да се гласа поради недостаток на избирачки места. Вкупно, има само 67 избирачки места надвор од Грузија, за грузиска дијаспора која се смета дека брои околу 1 милион граѓани. Ова, исто така, се смета како мерка на ГД за намалување на гласовите за опозицијата.

Последици

По изборите, Европската комисија изјави дека е мноу загрижена за пријавените нерегуларности и дека ја повикува ЦЕЦ да ги истражи нерегуларностите. Исто така, повтори дека се потребни демократски реформи за да може Грузија да се квалификува за членство во ЕУ. Во исто време, Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, веќе ѝ честиташе на ГД за нејзината победа пред гласањето официјално да заврши и ќе ја посети Грузија во понеделник како изјава за поддршка за ГД.

Јасно е дека прорускиот табор е подготвен да ја даде својата целосна поддршка за ГД, но, останува нејасно дали ЕУ ќе го стори истото за опозицијата. Секако, сé уште не е јасно до кој степен има мешање во изборите и дали опозицијата навистина победи, но, се надеваме дека независната истрага може да даде одговор на ова. Меѓутоа, чекањето на одговори од ЦЕЦ, нема да даде резултати, со оглед на тоа што ЦЕЦ е обвинета за пристрасност кон владеачката партија. Само независна истрага може да ги отстрани сите сомнежи во врска со резултатите и затоа многумина чекаат на конечен извештај од ОБСЕ/ОДИХР.

Заклучок

Минатата недела, за време на претседателските избори во Молдавија, имаше многу јасно мешање од Русија (прочитајте го нашиот извештај тука). Сега, во Грузија, победи проруска партија, или барем тврди дека победи на парламентарните избори, додека извештаите за попречување на гласачкото тело сé уште се зголемуваат. Покрај тоа, фактот дека Орбан побрза да им честита на своите сојузници во Грузија значи дека автократските структури во Европа се чувствуваат удобно да дејствуваат и да ги поддржуваат своите сојузници брзо, без разлика дали победиле на изборите или не.

Опозицијата се чини обединета во нивниот обид да докаже дека изборите биле фалсификувани и дека истите не треба да се признаат. Поддршката на меѓународните партнери во оваа борба е важна. Во меѓувреме, Зурабишвили, претседателката на Грузија, ги повика Грузијците да излезат на улиците на протест против резултатите од изборите и пријавените нерегуларности. Овие протести во моментов се во тек и се очекува да се види масовна мобилизација на улиците на Тбилиси. Грузија ќе доживее политички нестабилни времиња во наредните месеци.

Извештај на Европскиот форум за демократија и солидарност

 

 Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грузијаизборни нерегуларностипарламентарни избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ