• Latest

Парламентарниот комитет РСМ-ЕУ препорача почеток на преговорите за членство до крајот на март 2020

December 19, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Парламентарниот комитет РСМ-ЕУ препорача почеток на преговорите за членство до крајот на март 2020

December 19, 2019 14:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По плодните дискусии за односите меѓу земјава и Европската Унија, пратениците на Собранието и на Европскиот парламент, членови Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – ЕУ, денеска во Стразбур го усогласија и усвоија текстот на Заедничките препораки со кои се бара почеток на преговорите за членство со државава до крајот на март 2020 година.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Препораките ќе бидат упатени до Европарламентот, до Собранието и Владата на Република Северна Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија.

Инаку во текот на денешниот втор ден од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет, имаше поединечни дискусии за повеќе аспекти на владеењето на правото, борбата против дискриминацијата, против говорот на омраза, слободата на медиумите, младинските политики, судските реформи и законските решенија кои во оваа област треба да се донесат, како и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

 

Членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав беа копретседавачката на Комитетот, Соња Мираковска и пратениците Жаклина Лазаревска, Бетиан Китев, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ, Иван Стоиљковиќ и Мерал Узеири Ферати, дадоа осврт на чекорите кои се преземени и се планираат за унапредување на состојбите во овие важни и приоритетни области, имајќи ги предвид притоа оценките содржани во извештаите на европските институции за напредокот на државата.

По презентирање на состојбите во Република Северна Македонија следеше дискусија со пратениците на Европскиот парламент, кои изразувајќи надеж дека до следниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет земјава ќе биде во процес на преговори за членство со Европската Унија, оддадоа признание за постигнатите резултати и укажаа на областите во кои е потребен напредок.

Во расправата беше посочено дека Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство со Северна Македонија, бидејќи таа ги исполнува условите за тоа, со забелешка дека ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава“.

 

Шефот на Одделот за Северна Македонија во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, Дејвид Кулен во обраќањето на заседанието порача дека пред избори, по кои ќе има нов Парламент и нова извршна власт, Комисијата смета дека „не треба да се измислува топла вода“, туку да сеспроведат донесените закони кои се во согласност со стандардите на ЕУ, а меѓу приоритетите на Собранието го посочува донесувањето на нацрт законот за интеграцијата на СЈО во ОЈО.

Главната препорака усвоена денеска е дека се бара од земјите членки на ЕУ, да се заложат и да донесат одлука за старт на пристапните преговори со земјава најдоцна до состанокот на Советот на Унијата во март 2020 година, односно пред закажаните парламентарни избори.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ