Ерменскиот парламент го усвои предлог-законот „За започнување на процесот на пристапување на Република Ерменија во Европската унија“ во своето второ и последно читање на 26 март. Предлог-законот го поддржаа 64 пратеници, 7 пратеници беа против, објави новинската агенција News.am.
Иницијатор на нацртот е граѓанската иницијатива „Платформа на демократски сили“, која во рок од 2 месеци успеа да собере 60 илјади потписи (со законски 50 илјади потписи). Овие потписи беа неопходни за да се достави нацртот до Националното собрание на разгледување. На 9 јануари 2024 година, проектот беше одобрен од Владата на Ерменија.
Минатиот март, Европскиот парламент усвои резолуција со која ги повика извршните тела на ЕУ да ги зајакнат односите со Ерменија. Парламентот, исто така, рече дека Ерменија ги исполнува условите од Договорот од Мастрихт за да аплицира за членство.
Д. Мишев