• Latest

Парламентот се распушта на 11 февруари, ќе се ратификува ли Протоколот за НАТО

October 31, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Парламентот се распушта на 11 февруари, ќе се ратификува ли Протоколот за НАТО

October 31, 2019 09:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари или 60 дена од одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април. Со тоа се отвора дилемата дали земјава ќе има функционален парламент за да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

Според првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, како што изјави Џафери на вчерашниот брифинг со новинарите, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, како што рече Џафери, досега не разговарал со лидери на политички партии, јавува МИА.

 

Премиерот Зоран Заев вчера изрази уверување дека ратификацијата на Протоколот ќе биде завршена навреме во нашиот законодавен дом.

„Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Прламентот, да не бидеме пречка. Тоа значи на време Парламентот да го донесе новиот закон за одбрана. Тоа е важно затоа што преку него се адаптираме на сето она тоа што е обврска како нова членка на НАТО, а секако и навремена ратификацијата на Протоколот во нашиот Парламент“, рече Заев.

 

Нагласи дека апелот на сите лидери на политички партии кои присуствуваа на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски бил да се искористи законскиот рок од 45 дена за да не се доведе државата во ситуација да не може го ратификува Протоколот за членство во НАТО.

И лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски смета дека доколку Собранието биде распуштено, тоа може повторно да се собере.

Тој вчера изјави дека на лидерската средба кај претседателот на државата било разговарано за можноста да се свика веќе распуштениот Парламент, доколку се појави потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

 

„Тоа било пракса и порано за итни и неодложни работи да се стават на дневен ред и да поминат“, рече Мицкоски, додавајќи дека на лидерската средба биле присутни и претставници од Кабинетот на претседателот на државата, меѓу кои и професор, кој дал мислење дека за итни и неодложни ситуации, Уставот предвидува можност Собранието повторно да се собере.

И претседателот на државата Стево Пендаровски на неодамнешната лидерска средба апелираше до политичките партии при утврдување на датумот за избори да ја имаат предвид ратификацијата на Протоколот за членство за да не се доведе државата во ситуација да има нефункционален Парламент и да не може да се ратификува Протоколот.

 

Протоколот за членство во НАТО треба да биде ратифкуван во нашиот Парламент откако ќе помине ратификацијата во парламентите на земјите-членки на Алијансата. Досега, Протоколот го имаат ратификувано 26 држави, а остануваат уште Франција, Холандија и Шпанија. Во Шпанија, се очекува ратификацијата да помине во декември кога ќе се конституира шпанскиот Парламент.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ