• Latest

Пат кон ЕУ, а на маргините и пат кон конечно решение за името

May 17, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пат кон ЕУ, а на маргините и пат кон конечно решение за името

May 17, 2018 14:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија е во медиумскиот фокус на Македонија, особено поради присуството и обраќањето на премиерот Зоран Заев. Европската унија денеска ќе даде ново ветување за членство на своите партнери од Западен Балкан во момент кога шесте земји, меѓу кои Македонија се наведени во нацрт-декларацијата што ќе биде усвоена во Софија, но без најпосакувана награда – датум на пристапување. 

Во Софија денеска, на маргините на Самитот, заврши и средбата меѓу Заев и Алексис Ципрас. Овој раговор се најавуваше како клучен во процесот на решавање на спорот со името и  дека можеби од неа ќе произлезе конечниот договор за името. По прес-конференцијата на Заев, останува одговорот дека постои една опција за која се согласиле со Ципрас како можно решение за името.

Во Кривичниот суд се дадоа завршните зборови за случајот „Тенк“, по што се очекува  донесување пресуда, која ќе биде прва пресуда за Никола Груевски од 5 обвиненија кои му ги покрена Специјалното јавно обвинителство. Ново рочиште се одржа за предметот „Шпион“ во кој се осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Ново рочиште беше одржано и за „Трезор“ во кој поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема.

По повод Mеѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобија и бифобија, 17 мај, ЦИВИЛ порача наместо страв, омраза, дискриминација да сеориентираме кон хуманост, солидарност и прифаќање дека сите поединици, независно од нивната родова, верска, етничка, сексуална и друга припадност имаат право на достоинствен живот, а сите ние како заедница  да ги штитиме и нивните права и слободи.

Tags: имерочиштаСамит ЕУспор
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ