• Latest

Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат сведителства, особено во година со онлајн настава

June 21, 2021
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат сведителства, особено во година со онлајн настава

June 21, 2021 12:03
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци бара Државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите од направените инспекции во училиштата за кои имаше тврдења дека на учениците им наплаќале пари за свидетелства. Од Сојузот бараат и училиштата да им ги вратат парите на учениците и нагласуваат дека е срамно да се наплаќаат сведителства, особено во година која, како што посочуваат, имало неквалитетна онлајн настава. Имаат и забелешки на тоа што Бирото за развој на образованието годинава не ги обезбедило навреме сведителствата за сите ученици.

-Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно. Бараме ДПИ јавно да ги објави извештаите за направените инспекции во четирите училишта. Ги поздравивме инспекциите, но, не интересира методологијата на извештаите односно како дошле до овие заклучоци. ДПИ го контактиравме на 14 јуни, а се уште немаме одговор. Затоа сметаме дека извештаите по ова прашање треба да бидат јавни, рече новиот лидер на средношколскиот сојуз Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција што се одржа пред Министерството за образование и наука.

Се надеваме, додаде тој,  дека во следните денови ќе ги добиеме извештаите и на електронската пошта на Сојузот на средношколци.

-Денеска сакаме директно да им се обратиме на четирите училишта. Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но, особено во училишна година целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа, истакна тој.

Според Сојузот, сакаат да посочат уште на еден процес, кој, како што рече, не оди во прилог на средношколците.

-Откако им беше одземено задоволството на социјализацијата, сега им се одзема и задоволството да се гордеат со своите успеси преточени во сведителства. БРО од необјасниви причини годинава не го обезбеди сведителствата за сите средношколци на ниво на државата, истакна тој.

Сојузот на средношколци на 12 јуни соопшти дека се повторува проблемот од минатата година  и оти добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства.

Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови. Сојузот тогаш посочи дека Средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека Економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ