• Latest
Војо Маневски

Пазар и пазарење

March 9, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пазар и пазарење

March 9, 2023 15:52
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Во моментите кога се појавува некоја криза во економијата и во општеството, како и во правењето на дијагноза во медицината треба да се бара лек за болеста, но и анализа за појавата на болеста како пореметување на функционирањето на организмот. Последниве десет дена прочитав низа на осврти за причината на покачувањето на цената на лебот и воглавном беа на страна на државата или на пекарската индустрија. Професори економисти се со ставови дека пазарот има механизми за нивелирање на понудата и побарувачката и треба да се остави тие механизми да делуваат. Второто стојалиште е дека пекарската индустрија во кризата се стреми кон зголемување на заработката и нема општествена одговорност. Засега нема некоја издржана анализа која ќе предложи и мерки за надминување на состојбата.

Како новинар само ќе поставувам прашања за дебата зошто мислам дека тоа е улогата на новинарството пред јавноста. Прашање до поддржувачите на пазарните законитости: има ли пазар во нашава држава како што го дефинираат учебниците и научните дела? Како народ изгледа сме склони кон површност и робување на поимите, без да ја разгледаме до крај нивната содржина. Затоа сметаме дека со некакви административни мерки ќе воспоставиме пазарна економија и со тоа завршува улогата на државата и општеството во целост.

Угледниот Словенски економски институт од Љубљана пред шест месеци излезе со анализа за недовршената транзиција во Словенија и последиците од недоволното функционирање на пазарот и неговите законитости. Ние каде сме во тој процес? Излеговме ли ние од транзицијата и колку се функционални пазарните законитости кај нас за да очекуваме резултати од нивното делување? Пазарот се гради и се прилагодува на внатрешните, регионалните и пошироките влијанија вели Кругман и брзото реагирање од компаниите и државата се од најголема важност.

Ќе си земам за слобода да констатирам дека имаме скромни структури на пазарна економија и затоа тој простор е искористен од сивата економија и привлечноста за екстра профитите на компаниите кои се здружуваат, формирајќи скоро монополска положба која им дава сила за влијание врз државните органи. Многу години компаниите ја уценуваат државата со задржување на работните места поради високата невработеност. Политичарите се на избори и сакаат не сакаат мора да се грижат за каков таков социјален мир, па им излегуваа во пресрет со доделување на разни погодности кои на крајот ги плаќаат граѓаните. Ова е последица на недоизградениот пазар на кој државата пречесто интервенира и што е уште полошо нема истрајност во спроведување на донесените мерки, па ги менува под притисок што дополнително прави несигурност кај компаниите и ги свртува кон разните партиско политички конекции. Значи за да се гради и доградува пазарот потребна е правна сигурност кај компаниите и истрајност кај државата во донесените мерки. Без јасни правила кои учесниците во пазарниот натпревар ќе ги стави во еднакви услови и ќе ги остави сами да ги користат законитостите на понудата и побарувачката, многу често ќе имаме вакви инциденти како што се цените на лебот или други основни  продукти.

Знам дека ќе речете дека ова се обични школски теореми, но флексибилноста на пазарот е токму во неговите едноставни законитости. Произведувај поевтино и поквалитетно, бори се со конкуренцијата со пласирање на својот производ и профитот ќе ти е поголем! Е токму во овој термин „профит“ и терминот „рентабилност“  е проблемот и дилемата.Ова доведува до крупни дилеми и кај владата кога поставува мерки за водење на макроекономската политика Ако се отвори домашната економија во слободна конкуренција со регионалните економии тогаш се ризикува затворање на домашните капацитети и потполна зависност од увоз што е состојба која е неодржлива зошто мора да има населението средства да ги купува тие производи. Ако е невработено и нема приходи со што ќе ги купува тие производи? Ако се затвори економијата и премногу се заштити домашното производство, тогаш доаѓа до монопол на компании и нивните здруженија кои свесни дека можат да ги занемарат пазарните законитости се стекнуваат со положба на моќ и директно се вмешуваат во политиката, очекувајќи дел од буџетскиот колач, а при тоа го занемаруваат и квалитетот и одржливоста на цената на својот производ. Сите нивни бизнис грешки и ги испорачуваат на државата и купувачите.

Во развиениот пазар постои Социјален совет кој директно на Владата и ги предлага мерките. Француската Влада на 7 март донесе одлука за замрзнување на цените на листата основни производи, а таа одлука е донесена врз основа на предлог на Социјалниот совет на Франција каде членуваат производителите, трговците, здруженијата на потрошувачи и синдикатите, а се договараат со владини претставници. Не слушнавме најави за протести или тужби пред судовите. Само да напоменам дека одлуката важи за трговците кои според правилата на законот за понуда и побарувачка застанаа на страната на потрошувачите. Произведувачите директно се договараат со Владата за нивна помош преку даночната политика. Ова е пример за функционирање на современиот пазар.

Еве еден пример од минатата година, а е поврзан со актуелните случувања со мелничко-пекарската индустрија. Колку беше цената на пченицата оваа година? После жетвата таа беше од 11 до 13 ден. по килограм, а во последниве месеци нарасна на 16, 17 ден. по килограм. Според произведувачите тоа е на работ од исплатливоста поради застарената механизација и недоволните агро мерки за зголемување на производството, а за кои тие немаат средства. Субвенциите според произведувачите се ненавремени и недоволни, а државата не реагира во вистинскиот момент. Мелничарите се жалат дека не се моќни да плаќаат повеќе зошто во трговските синџири има поевтино увозно брашно и трговците бараат плаќање на 60 до 90 дена. Тие велат дека тој товар не можат да го издржат. Резултатот е празни или затворени мелници и се помалку засеани површини.

Бидејќи не произведуваме доволно жито за домашните потреби државата е приморана да увезува жито, но и да прави низа на отстапки на големите мелници од странство кои бараат пласман на нивното брашно на нашиот пазар, а тие се заштитени од нивните министерства, ставајќи ги таквите услови во квотите за извоз. Поради поевтиното производство тие се во предност, бидејќи имаат пониски цени и со тоа притисокот врз домашните мелници се зголемува. Пекарската индустрија зема од увозното брашно кое го плаќа според барањата на увозникот, а често врши и притисок врз стоковите резерви за разни погодности што доведува до разни сомнежи и во крајна линија се става во зависност од политичко- партиски центри на моќ.Договорот со сопственикот на најголемата пекарска компанија во Скопје и дава право 51% од потребите на пазарот таа да ги подмирува. Кога се помешаат ваквите бизниси и политичките  центри на моќ условот за корупција е исполнет и како за ДДВ цехот го плаќаат крајните потрошувачи. Турбуленциите на пазарот со енергија дополнително им ги зголемува трошоците а не сакајќи бизнис ризик во време на криза излезот го бараат во намалувањето на грамажата на лебот ,користејќи го стравот на граѓаните поврзан со недостатокот од овој основен продукт за исхрана на населението,што произвидува социјален притисок врз владата,бараат цени кои им носат  екстра профит. Трговските синџири исто ја користат оваа слабост на пазарот и бараат одложено плаќање на пекарите како и современо пакување на лебот поради нивни договори со кампаниите што произвеедуваат разни кеси и кесиња. Со еден збор сите ја користат состојбата за дополнителна заработка,цените на лебот стануваат превисоки а основното производство на лебно жито се намалува. Граѓаните купуваат скап леб.

Државата овде нема многу алатки на располагање освен да го лимитира влијанието на пазарот, кој во вакви услови се однесува како Скопје во деновите на смог.Во Министерството за економија има листа на стратешки производи за чија цена е задолжено и со што се чува долната граница на социјалниот мир.  Секој сака во маглата нешто да сокрие или да заграби, а сите се труеме од нечистиот воздух.

Макроекономијата во буквален превод од грчки значи општо( велико) домаќинско однесување. Затоа државата мора да интервенира за да воведе ред поради последиците од недомаќинското однесување. Нејзините калкулации велат дека 6 ден. по векна леб и останува на пекарската индустрија, ако ја продаваат по 33 ден. Ако се земе како пресметка еден килограм леб како репер тогаш заработката е 13 ден., бидејќи векните леб во маркетите се 450 грама. Колку леб се прави од еден килограм брашно кое чини 35 денари?

Државата е крива за недоволно изградениот пазар и често попустливата политика кон домашните компании место да се занимава со поставувања на јасни правила на пазарот. Вака поради социјалниот притисок е приморана да го стави инспекторскиот апарат во погон и да ги заштити осиромашените граѓани. Но бидејќи нема бесплатен ручек на крајот цехот на овој или оној начин ќе го платиме сите. Исто како вдишувањето на смогот.

До израз дојдоа и дилемите за  мерките за помош на стопанството и граѓаните во време на криза. Уште за времето на кризната состојба поради Ковид-19 имаше разни предлагани модели. Едниот беше да се помогнат компаниите за да произведуваат поевтино и да се конкурентни со што ќе ги задржат работните места. Другиот модел кој значи помагање на социјално ранливите категории, а компаниите да се остават на законитостите на пазарот. Владата се одлучи за комбиниран модел (како и многу држави во регионов) кој донесе незадоволство на двете страни и кај производителите и кај купувачите. И да се вратам на самиот почеток. Недоволната изграденост на пазарот може да даде само вакви резултати. Компаниите секогаш се во потрага на поголем профит и на намалување на ризиците од пазарните законитости. Нема овде место за социјално одговорни компании кои делуваат на ваков пазар.Ако само се погледне историјатот на развојот на покрупните компании во државата сѐ ќе биде јасно. Приватизација од која произлегоа беше под патронат на државата.

Постојаното свртување кон разни субвенции од буџетот и низа тендери од истиот извор за одржување на ликвидноста и инвестициите е начин на делување.Ако на ова се додадат и разните книговодствени марифетлуци и слабата функционалност на државниот апарат, сосема е јасна сликата на нивната положба на пазарот. За поздравување е иницијативата на стопанската комора за креирање на извозни политики кои ќе значат излез од кругот во кој како економски простор сме влезени, само ваквите политики да не влезат во дилемата за која пишував во овој текст.Таа трансформација во извозно ориентирани компании ќе биде тешка поради сѐ поголемиот недостаток на квалификувана работна сила  и големиот товар на администрацијата, која заради сопственото постоење ги доведува до апсурд административните постапки.

Излезот е во реформирање на државниот апарат, правосудството и образованието. Партиите зависни од гласачите распоредени по државниот апарат и компаниите кои зависат од нив, тешко дека ќе смогнат сили за нужни реформи. Тоа ќе го сторат само ако како граѓани вршиме притисок врз нив, барајќи јасни политики според кои ќе се одлучуваме при изборот на партии кои ќе ја водат државата. Инаку ни преостанува да се сообразиме со една малешевска изрека:

Това бачило такво сирење дава!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаекономијалебпазарењеприватизацијасубвенции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ