• Latest

Педесет години од студентските немири што го променија светот

July 14, 2018

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Педесет години од студентските немири што го променија светот

July 14, 2018 17:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година одбележувањето на 50-тиот златен јубилеј на студентското движење мина без голема врева, тивко, граѓански воспитано, питомо, дури кротко, можеби дури и срамежливо, па и црквенохристијански покорно.

Само ситни пари од даноците на големите компании се потрошија преку невладините организации на неколку трибини ширум слободната Европа под Одата на радоста и тука се кажа по некој збор за бунтот на студентите од 1968 година.

Повторно е откриена топла вода дека тој бунт сепак бил радикално лев, дури и со елементи на марксистички аспирации, посебно во Париз, а други пак се чудеа што во таа 1968 година никој во тогашната „комунистичка“ Европа не барал повеќепартиски систем, слободен пазар и почитување на приватната сопственост, туку повеќе комунизам.

Кај нас студентите во таа 1968 година го разоткрија криптокомунизмот токму со комунистички средства. Од оваа перспектива тој криптокомунизам под водство на остарениот маршал и доживитен претседател на федеративната република, изгледа како рајска градина во споредба со денес когаа оние мал број работници во нашите фабрики мораат да носат пелени за да не го прекинуваат производниот процес на својот газда, како што половина милиони нивни колеги вработени во компанијата „Амазаон“, мораат да уринираат во шишиња или канти за смет, за да не загубат минути од својата непрекината десетчасовна работа на пакување на предметите што треба да се испратат ширум светот, за плата од 2.250 долари месечно, што во САД и не се некои пари.

За овие 50 години работите сериозно се влошија. Луѓето денес живеат понедостоинствено отколку тогаш пред 50 години во полицискиот режим на Истокот и социјално одговорниот капитализам на Северот и Западот, но ете сепак се бунтувале. А денес не се бунат, не протестираат.

За волја на вистината се бунат и остро протестираат на социјалните мрежи поврзани во виртуелни групи – тие немоќни молекули во кои го подигнуваме својот атомизиран глас до глувото небо, кое правилно се вика Мрежа. 

За каков квалитетен пад на животот станува збор во овие 50 години не се доказ само работниците кои носат пелени како да се на возраст на која некој друг мора да води грижа за нив како за недораснати или на работното место да вршат нужда во пластични шипиња пред другите како да се под воена опсада, туку и идиотските реклами за доброволна согласност на сопствениот грабеж како на највисок етички стандард и јуначки подвиг.

Ги читам тие повици на јунаштво што банките им ги испраќаат на своите клиенти и си дозволувам себе си да ги парафразира со цел појасно да го истакнам нивното голо значење: „Охрабри се да земеш кредит и започни сопствен бизнис – биди свој човек!“, „Само за најхрабрите: Земи кредит и отпатувај на крстарење!“, „А зошто баш ти не би возел Бе-Ем-Ве и тоа за само десет илјади евра готовинско учество!“.

Во телевизиската реклама за кредити за кои може да се аплицира и со испраќање СМС порака гледам како гимназијалка (веројатно само што станала полнолетна) испраќа СМС до банката од училишната клупа и ете сега сама може да располага со својот живот. Таа е нашата современа Антигона, нашата Амазонка.

Или онаа реклама за мобилна телефонија во која мноштво млади нагрнале на плоштадите, на бунт речиси како во 1968 година, па го блокираат сообраќајот и трчаат додека полиција нема ни за лек, движејќи се напред во скапи патики и брендирани алишта и кога таму на крајот на приказната ете во тешката борба се избориле за дополнителни 500 бесплатни минути во мобилната мрежа.

Во 1968 година се уште постоеше општество. Ако сакате постоеја општества, па беше можен и бунт, иако се живеело неспоредливо помалку глупаво и неморално отколу денес.  Општествата меѓутоа се разорени и токму затоа нема бунтови од пошироки размери. А генералните штрајкови станаа целосно неверојатен феномен, па дури и полека се губи и нивното значење.

Системот за остварување профит на малубројните сопственици работи на „истрага на секој општествен чин, на истребување, на уништување на секоја здружена акција“. Да ја земеме на пример таа именка здружување или повратниот глагол да се здружиме. Денес тие во нашиот јазик опстојуваат единствено во синтагмата „здружен злосторнички потфат“.

Тоа е сега единственото семантичко поле на формата на тој збор. Да се здружиш тоа значи е нешто варварско, злосторничко, неморално. Веќе го нема контекстот на здружениот труд или на здружување во протест како целисходна и морална акција.

И тоа не е единствениот збор на кој му е ускратена смислата до кафкијанска неподносливост. Голем број зборови се целосно изгубени во нашето време (но зборовите како понорна река можат кога тогаш да се вратат во живот), како што е случај со зборот самоуправување на кои денес сите би му се смееле ако некој го изговори во разговор, како да го изговорил идиот.

А токму зборовите самоуправа и самоуправување, укажуваат на можноста за обезбредување на човечкото достоинство во општеството. Тој збор во суштина јасно ја разобликува идиотизираната реалност, во која се појавува како она невино дете кое открива дека царот не е гол туку е убиец на неговите родители и неговата иднина, а се претставува како спасител, како работодавец. а не како газда кој му нуди ремен како на куче. (Данас – Белград, пренесено од МИА)

Tags: 1968јубилејПаризсгтуденти
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ