• Latest
Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пекарниците за време на ковид кризата правеле профити и над 100.000 евра

March 8, 2023

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пекарниците за време на ковид кризата правеле профити и над 100.000 евра

March 8, 2023 12:30
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пекарниците и големите производители на леб уште од летото бараа субвенционирана цена на електрична енергија со цел граѓаните да не плаќаат скап леб, сепак тие ја искористија помошта, но одбија да ги намалат цените на лебот и да овозможат граѓаните во време на криза да купуваат евтин леб.

Владата во четвртокот донесе одлука со која се наложува на производителите на леб да мора да произведуваат најмалку 80 отсто бел и полубел леб во однос на количеството производено во декември лани на производителите на леб не им се допадна оваа одлука, но после дводневен бојкот сепак ја намалија цената на лебот и ги наполнија рафотвите.

Ваквата  одлука беше поздравена од граѓаните, а од пекарската индустрија најавија дека ќе започнат со испорачување на бел и полубел леб за 33 денари, но сепак се заканија дека ќе ја тужат државата за да наплателе штета што ќе била предизвикана од владината одлука.

Какви беа профитите за време на ковид кризата?

Кога ќе се погледнат бројките за приход и добивки за 2021 година, може да се види дека најголемите производители на леб имале добивки од неколку стотици илјади евра. Како што објави порталот „Пари“, Најголем профит во 2021 година прикажала фурната „Диме“ од 400.000 евра. „Жито Скопје Силбо“ која е особено позната по своите пекари во Дебар Маало и во Аеродром во 2021 година имала профит од 289.000 евра. „Жито леб Охрид“ , пак во 2021 година успеал да се извлече од лошата финансиска состојба во која западнал во 2020 година кога завршил со загуба од 276.000 евра и да направи добивка од 200.000 евра.

Сепак и покрај ваквите бројки, во време на глобална економска и енерегетска криза, кога им беше обезбедена субвенционирана цена на електрична енергија од парите на граѓаните, тие одбија да продаваат леб по евтина цена.

Бојкотот и непроизведувањето на евтин леб од страна на пекарниците во Скопје наиде на остри осуди од страна на граѓаните, кои во медиумските анкети бараа нови мерки од страна на владата, поради како што велат, лакомоста на големите компании кои произведуваат леб и да остваруваат милионски профити на грбот на граѓаните.

С.Т.

Tags: замрзната цена на леботлебпекарниципрофити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ