Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави видео од посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси на Киев.
Средба со претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси во Киев Соединетите држави се лидер на моќната поддршка на Украина во борбата против агресијата на Русија. Ви благодариме што помогнавте да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава!, напиша Зеленски.
Тој ја истакна важноста на обраќањето на претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден пред Конгресот, со барање да и се обезбеди на Украина финансиска помош во износ од 33 милијарди американски долари.
Од своја страна, Пелоси ги пренесе поздравите од американскиот Конгрес и народот на САД до претседателот на Украина. Ненси Пелоси истакна дека денес Украина херојски се бори за слобода, а САД се подготвени да и помогнат на земјата додека оваа борба не заврши. Според неа, Украина е граница на слободата.
– Тука сме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата, истакна Пелоси.
Претседателот Володимир Зеленски и додели на претседателката на Претставничкиот дом на САД Орденот на принцезата Олха за нејзиниот значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната меѓудржавна соработка меѓу Украина и Америка и поддршката на суверена, независна и демократска Украина.
Подготви: Д,Мишев