• Latest

Пендаровски: Ако Заев за дваесет дена не состави Влада, мандатот ќе му се даде на Мицкоски

August 13, 2020
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Ако Заев за дваесет дена не состави Влада, мандатот ќе му се даде на Мицкоски

Ако господинот Заев не направи влада за 20 дена, јас ве уверивам дека господинот Мицкоски на истекот на тој рок ќе дојде одсабајле овде, во оваа институција да го бара мандатот иако односите му се замрзнати, вели Пендаровски.

August 13, 2020 20:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, по денешнатра средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека мандатот му го доверил на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи смета дека роковите за мандат течат по верификација на мандатите на пратениците иако не е избран претседател на Собранието имајќи ја предвид политичката пракса во изминативе 30 години, односно ситуациите во 2006 и 2016 година.

– До овој момент 61 пратеник нема ниту една политичка страна, ниту еден политички субјект од оние кои влегоа во новиот парламент, меѓутоа господинот Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече дека во преговорите со повеќе политички партии кои се со свои пратеници во Собранието е на добар пат да обезбеди мнозинство, рече Пендаровски појаснувајќи го неговиот одговор на прашањата од Мицковски и Силјановска за тоа дали и на кој начин бил уверен од Заев дека има мнозинство.

Во делот на тоа дали барал гаранции за претпоставеното мнозинство на Заев, Пендаровски истакна дека тоа не го барал ниту еден претседател од Глигоров до денес, освен Ѓорге Иванов и тоа, подвлече, вториот пат кога Заев дојде да го бара мандатот откако Груевски, кој имаше само 51 пратеник и немаше очигледно мнозинство не му бараше потписи.

– Моето убедување и како Претседател и како човек е дека на луѓето, особено оние кои претендираат да бидат премиер утре на оваа земја мора да им се верува на зборот затоа што и тие имаат одговорност не кон својата партија и кон своите гласачи, конечно ако за 20 дена господинот Заев не направи Влада значи ќе се увери дека нема 61 човек и ќе си го врати мандатот назад. Значи вие неможете со трикови да добиете мандат велејќи дека јас имам мнозинство имам шанса да направам мнозинство и за 20 дена целата јавност ќе види дека вие немате мнозинство. Мнозинството од 61 не се утврдува кај претседателот кога го дава мандатот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласање во Собранието за новата влада, рече Пендаровски.

Моето, рече тој, е да го дадам мандатот од 20 дена. Тој што тврди дека има мнозинство или дека ќе направи мнозинство, да покаже дека има мнозинство во Собрание, ако не, го враќа назад мандатот и одиме со втората партија која има најмногу мандати – а тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Пендаровски.

На новинарско прашање тој рече дека е легитимно право на ВМРО-ДПМНЕ околу одлуката за замрзнување на односите со претседателот, тоа е нивно демократско право, но според него, станува збор за потег кој е испровоциран од некое внатрепартиско прашање.

– Ако господинот Заев не направи влада за 20 дена, јас ве уверивам дека господинот Мицкоски на истекот на тој рок ќе дојде одсабајле овде, во оваа институција да го бара мандатот иако односите му се замрзнати, вели Пендаровски.

За можноста од распуштање на Собранието и шпекулации во јавноста во врска со тоа, тој подвлече дека според Уставот е можно само со гласот на 61 пратеник со кои се самораспушта парламентот и се оди на нови избори. Нема друг начин, дециден е шефот на државата.

Нагласи дека освен Заев досега никој не се јавил во неговиот кабинет во врска со мандатот, ниту Мицкоски, ниту Ахмети оти можат да направат влада, а тој, вели, морал да го даде мандатот во рок од 10 дена, бидејќи според Устваот е должен да го направи тоа, во спротивно го крши Уставот.

Извор: МИА

Share44Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ