• Latest

Пендаровски: Бараме цврсти гаранции дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија

June 16, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Бараме цврсти гаранции дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија

June 16, 2022 13:49
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Има политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, но тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија.

Ова го кажа претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Охрид.

Нагласи дека не постои политички проблем – ни кај  власта, ни кај опозицијата, во однос на внесувањето на Бугарите кои живеат Северна Македонија во Устав.

-Значи, има политичка волја за тоа. Ние само бараме да се земе предвид една политичка и една техничка работа. Техничката работа е дека нашиот Устав, и кога има политичка волја за двотретинско мнозинство во Собранието, и кога би имало волја, не може да се  спроведе пред три, три и пол месеци. Побрзо технички не е возможно. Денес да почнеме, помеѓу 95 и 105 дена е според проценката на најдобрите уставни експерти во земјава, рече Пендаровски, појаснувајќи дека има три фази за промена на Уставот, потребна е јавна расправа и, како што рече, сериозен процес на објаснување на народот  зошто се прави промената.

Но, покрај техничкиот дел, прашањето има и политички – дали ако влеземе во уставни промени, тоа ќе биде последното барање од бугарска влада – сегашната или некоја следна.

-Многу е несериозно ако ние влеземе во еден сериозен потфат, промената на конституцијата на секоја држава е многу сериозна работа, за која треба многу размислување. Замислете шест месеци од сега, до година, некоја следна бугарска влада или истава, сеедно, да каже сега бараме уште нешто. Значи ние во тој дел бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија. Проштевајте тоа нема да ни биде доволно. Бараме гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем, во однос на ова прашање, истакна Пендаровски.

На прашање дали доколку тоа барање биде ставено во преговарачката рамка ќе биде доволна гаранција дека Бугарија ќе нема други барања, Пендаровски одговори дека „ако во преговарачката рамка има формулација во која ќе се каже дека ова е последното бугарско барање во однос на ова прашање, немаме проблем со тоа“.

– На Балканот ние сме изгорени многу пати. Меѓу нас сме имале турбулентна историја и најчесто политичката реторика или само зборовите не ни се доволни. Не е лошо да има нешто и на хартија, рече претседателот Пендаровски.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ