„Безбедноста, јавниот ред и мир се врвен приоритет на секоја држава и секој поединец.
Преку заштита на демократските вредности, уставно-правниот поредок и борбата против криминалот, полициските службеници придонесуваат за напредокот на нашата земја, добросостојбата на граѓаните и нивната сигурност.“, напиша на официјалната Фејсбук страница претседателот Стево Пендаровски, по повод 7 Мај, денот на полицијата.
Дозволете на сите припадници на полицијата и на сите вработени во #МВР да им посакам и понатаму посветено, професионално и истрајно да ја извршуваат својата задача и храбро и доследно да се грижат за сите наши граѓани.
Честит 7 мај – Денот на полицијата!