• Latest
Љубиша Николовски

Пендаровски да каже кои партии и личности соработуваат со руските служби

July 2, 2023
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пендаровски да каже кои партии и личности соработуваат со руските служби

Навистина мислев дека оваа “дилема” дали сте за Русија или за Америка е многу одамна затворено прашање, но очигледно некој како да е платен да ја отвора. И тоа секогаш кога е Македонија пред историска одлука.

July 2, 2023 12:13
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубиша Николовски

Љубиша Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

Љубиша НИКОЛОВСКИ

“Во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби“, вели  претседателот на државата. И тоа не е прв пат да се слушне од него.

Ако е така, крајно време е претседателот Пендаровски да каже кои се тие политички партии што се под руско влијание, затоа што Македонија е на распаќе, дали ќе продолжи по европскиот пат или овие сили сакаат да ја одвлечкаат на исток во руска прегратка.

Не е прифатливо објаснувањето дека “во јавноста не може да се сподели информација за имињата на оние кои се поврзуваат со руските служби, бидејќи тоа се сензитивни работи”.

Ако станува збор за сензитивни работи, како што тврди Пендаровски, дотолку повеќе граѓаните треба да знаат кои се тие луѓе што во јавноста шират антиевропска пропаганда.

Ако безбедосните служби тоа го знаат, а не преземаат ништо, стануваат соучесници во лагите што им се презентираат на граѓаните.

Дека не станува збор за маргиналци, говори фактот што сме сведоци на тотална анти кампања за уставните измени во јавниот дискурс.

Залудни се постојаните јавни предупредувања од т.н. хибридни закани ако тие не добијат јасен препознатлив лик.

Владата има обврска да каже дека овие политчки сили, кои јавно се декларираат за проруски, не се единствените што сакаат да ја закочат европската перспектива на македонските граѓани. Туку во нив спаѓаат и оние кои или не прават ништо или пак ги убедуваат граѓаните дека можеме сами да опстоиме.

Тие, избегнувајќи да одговорат на прашањата што тие ќе направат за Македонија да продолжи со дијалогот со ЕУ, свесно го расчистуваат просторот за влез на руско влијание во геостратешкиот интерес на земјата.

Навистина е чуден односот на некои политички субјекти да ја оддалечува земјата од сите меѓународни сојузници кои сме ги стекнале или допрва сакаме да ги придобиеме. Тоа имплицира заклучок  дека се бара нивна замена и нов сојузник.

На македонската политичка сцена отворена анти НАТО и антиевропска идеолошка матрица пројавува Левица. Но, станува се повеќе јасно дека и на Мицкоски заедно со целото сегашно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ЕУ не им е опција. За жал идеолошки се стопуваат со Левица.

Тогаш можеби е време посериозно да ги сфатиме пораките што ни ги упати американскиот сенатор Крис Марфи дека неизгласувањето на уставните измени би претставувало загрижувачки чекор во односите меѓу Северна Македонија и САД и

дека САД мора да знаат по кој пат оди државата. Дали сме тргнале  в лево или  в десно.

Тоа значи дека за нив, отстапувањето од европските интеграции е безбедносно прашање и веројатно така и ќе се постават кон нас-одбранбено.

Дали тоа и треба на Македонија!

Навистина мислев дека оваа “дилема” дали сте за Русија или за Америка е многу одамна затворено прашање, но очигледно некој како да е платен да ја отвора.

И тоа секогаш кога е Македонија пред историска одлука.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Рацин.мк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ