• Latest
фото: МИА

Пендаровски: Дијаспората да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции

July 20, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Дијаспората да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции

July 20, 2023 12:09
in ВЕСТИ
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Независноста на државата, демократијата и мултиетничката коегзистенција, се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Најголемата инвестиција што ја носат иселениците тука, се евроатлантските демократски вредности и принципи на работа, културата на почитување на законите и претприемачкиот дух. Неспорен е фактот дека голем дел од придобивките и добрите практики што ги имаме, се донесени токму благодарение на успешните сонародници, желни да ја видат својата прва татковина успешна и развиена, рече денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот Македонски симпозиум што го организира Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Скопје.

Како што истакна Пендаровски, борбата на илинденците и на учесниците во НОБ беше за слобода и за човечки правдини, а нашата борба во 21-от век е за развиена и просперитетна македонска држава во која граѓаните ќе имаат шанса да ги остварат своите животни идеали.

-Само со помош на дијаспората и со заеднички напори на сите Македонци во светот ќе можеме да ја постигнеме целта и да изградиме држава што со гордост ќе можеме да ја наречеме наш заеднички дом, потенцира претседателот.

Македонските иселеници, оцени шефот на државата, никогаш не биле пасивни набљудувачи на процесите, туку активни чинители, а особено е важно што нивниот интерес не се сведува на некаква пасивна носталгија, туку е пример за активен ангажман и волја за вклучување во современите процеси во татковината.

-Дијаспората лобираше за признавање на независноста на македонската држава, за воспоставување дипломатски односи со многу земји во светот и за интензивирање на билатералните односи меѓу нивната прва и втора татковина. И денеска вие, припадниците на дијаспората, продолжувате да ги застапувате нашите интереси, да отворате врати за билатерална соработка и да придонесувате за меѓународна афирмација на државата, подвлече Пендаровски.

Според него, за трите најголеми постигнувања на македонската држава да продолжат да опстојуваат и да бидат платформа за натамошен развој и просперитет на сегашните и идните генерации, неопходни се три услови: геополитичка безбедност, владеење на правото и динамичен економски раст и развој.

-Првиот услов е геополитичка безбедност што ни ја гарантира членството во НАТО. Војната во Украина покажа колку е важно што сме на вистинската страна на историјата. Но, за да го заокружиме интегрирањето во тој геополитички и геоекономски простор неопходно ни е и членство во ЕУ. Вториот услов е владеењето на правото. Од правната сигурност зависи и довербата на граѓаните во државните институции и одржливиот економски и општествен развој. Законите кои не важат за сите еднакво, генерираат не само правна, туку и социоекономска и политичка нееднаквост. За да ја постигнеме таа цел, мора да вложиме далеку повеќе енергија во борбата против непотизмот, корупцијата и организираниот криминал, партизацијата и етнизацијата на политиката и на институциите. Третиот услов е динамичен економски раст и развој. Мора да изградиме економија заснована врз новите технологии и да вложуваме во развојот на иновативните екосистеми. Круцијално е да го затвориме јазот на дигитални вештини и дигитално образование со развиениот дел на свет, за младите да можат да најдат добро платена работа и овде, во својата татковина, рече Пендаровски.

Тој порача дека дијаспората треба да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции, да внесува добри бизнис практики, да кофинансира развојни и проекти за општествена одговорност.

-Токму оваа тријада на геополитичка безбедност, правна сигурност и економска одржливост е најголемата гаранција дека ќе достигнеме многу поголем економски развој, повисока доверба во институциите и што е особено важно, драстично помало иселување на младите, истакна претседателот.

Во врска со мултиетничката коегзистенција и вековната традиција на почитување на различноста, нагласи дека се наша најголема вредност и предуслов за внатрешната стабилност и просперитет.

-Актуелните превирања на континентот и пошироко се доказ дека мултиетничката демократија е сериозен предизвик и за многу поголеми и помоќни држави од нашата. Ние со децении го одржуваме моделот на функционална мултиетничка демократија, какви што нема многу во Европа, посочи Пендаровски.

Во обраќањето, тој се осврна и на програмата „Родум од Македонија“, а го цитираше и Горан Стефановски.

-Познатиот американски историчар на емиграцијата, Маркус Хансен стана познат по тезата дека во секоја дијаспора, третата генерација се обидува да го открие она што втората генерација се трудела да го заборави. Меѓутоа, македонската дијаспора го побива овој принцип бидејќи, не само што немало обид да го заборави своето македонско потекло, туку, тоа, како најголема вредност го пренесува од колено на колено. Потврда за тоа се и младите иселеници кои се дел од програмата „Родум од Македонија“ и кои изминативе две недели беа практиканти во повеќе македонски институции и компании. Горан Стефановски велеше, минувањето време во татковината е трансформативно искуство, бидејќи тука е изворот на македонскиот идентитет, на нашата приказна, рече шефот на државата кој ја најави и својата претстојна посета на Пустец.

Пред обраќањето на Пендаровски, кусо се обрати и претседателот на ОМД Методија Колоски кој потсети дека оваа организација не е партиска, туку соработува со сите институции и има познати ставови. Над 4 милиони долари, рече, инвестирала ОМД досега од своето постоење во различни програми во земјава.

-Отсекогаш сме биле партнер на македонското општество и ќе останеме негов партнер. Секако, нема да се согласиме со се со татковината и таа со нас исто така, но вратите мора да останат отворени без разлика на билатералните односи меѓу Северна Македонија и различните држави. Се надеваме дека нашите соседи ќе бидат многу повеќе како нас, во смисла да ги даваат правата што ги заслужуваат сите малцинства како што Македонија е пример во светот за правата на малцинствата. Тоа е клучна порака која мора да ја кажуваме постојано, истакна Колоски кој претходно одржа и прес-конференција.

Симпозиумот на ОМД е организиран за информирање, отворена комуникација и поврзување на земјава со македонската дијаспора, како и за промоција на потенцијалите за студирање, инвестирање и пензионирање во Северна Македонија. Освен претседателот Пендаровски, говорници се и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, професори, како и претставници од политичкиот и јавниот живот. На симпозиумот присуствуваат иселеници од земјава кои живеат во Австралија, Канада, САД, Шведска,…

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ОМДПендаровски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ