Претседателот Стево Пендаровски вели дека никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Пендаровски во соопштението од неговиот Кабинет посочува дека дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието.
-Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис, истакнува Пендаровски.