За кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски за само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани повеќе од потребните потписи, кажа генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацоски.
Тој додаде дека МВР веднаш презеде инцијатива за расчисување на случајот во кој Пендаровски, изјавил дека бил следен од разузнавачки служби од опозицијата.
„Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби блиски на опозицијата, евидентно е дека постојат. МВР веднаш презеде инцијатива тие да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, изјави Кирацоски во Битола.