• Latest

Пендаровски: Мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас

April 20, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас

April 20, 2022 15:16
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првата од серијата онлајн обуки на тема „Предвидување и размислување за иднината при создавањето на политики“ во рамките на проектот „Миграциска политика и општествен дијалог базиран на докази во Република Северна Македонија“, пренесува МИА.

Оваа серија обуки, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, е иницијатива промовирана од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со Меѓуресорското тело за развој и спроведување на на Миграциската политика за 2021-2025, под координација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН за Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски истакна дека миграциите историски имале клучно место во политичкиот, демографскиот и економскиот аспект на живеењето во нашата држава. Покрај традиционалната економска миграција и одливот на голем број македонски граѓани, рече претседателот Пендаровски, во последниве неколку години сме сведоци на интензивни миграциски процеси и како резултат на воени и безбедносни кризи.

 

Претседателот Пендаровски посочи на воениот конфликт во Сирија во 2015/2016, кога нашата држава беше транзитна рута за милиони бегалци, што, според него, сериозно ја наметна дилемата за нашите капацитети за справување со  миграциските бранови.

 –Тогаш стекнатите искуства ја наметнаа потребата од нови законски решенија, преструктуирања и системска подготовка на институциите за справување со идните предизвици. Меѓутоа, најбитната лекција која се надевам дека ја научивме сите ние е дека не треба да чекаме кризите да дојдат, туку, да бидеме постојано мобилен и подготвен за справување со нив и да се работи на креирање на политики кои ќе ги антиципираат случувањата, не само во поглед на миграциските политики, туку и во останатите сегменти кои се со нив поврзани, рече претседателот Пендаровски.

Тој го најави и скорешното објавување на стратешкиот документ МКД2030, кој  акцентира повеќе меѓузависни теми и области, од дигитализацијата, децентрализацијата и демократизацијата, преку еколошки, економски, аграрни и здравствени политики, сè до образованието, науката и  миграциските политики, вклучително и борбата против масовното иселување на младите и депопулацијата, и го посочи неговото очекување документот да биде преточен во Национална развојна стратегија за периодот до 2041-та година, а нејзините компоненти фазно да бидат соодветно имплементирани.

Според претседателот Пендаровски, живееме во време и во свет во кој работите брзо се менуваат и каде што безбедносните, политичките, но и низа други фактори како што се квалитетот на живот, здравата околина, климатските промени, влијаат врз миграциските процеси.

 –Знаеме дека не е ни малку лесно да се антиципираат идните случувања, но, мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас, рече  Пендаровски.

Тој истакна дека соработката и заедничкиот пристап за решавање на глобалните проблеми се неопходни доколку сакаме да постигнеме резултати и политиките да заживеат во пракса.

 –Воениот напад на Русија во Украина  покажа колку е фрагилен мирот на нашиот континент и колку малку е потребно за избувнување на нова безбедносна, хуманитарна и миграциска криза. Имајќи го предвид фактот дека Република Северна Македонија географски е дел од простор со неколку отворени геополитички прашања, на кој сеуште постои потенцијал за конфликти, не можам, а да не го подвлечам значењето на нашето  членство во НАТО алијансата што ни дава соодветни  безбедносни гаранции. Ова е најдобрата потврда за исправноста на евроатлантскиот курс за што донесовме тешки, но визионерски одлуки. Во истата насока, и процесот на евроинтеграциите не само за нашата, туку и за сите земји од регионот добива дополнително на значење и токму затоа императив е и за нас и за Европа тој да се придвижи и конечно, заокружи, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ