• Latest

Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“: Не очекуваме нова блокада во преговорите за членство во ЕУ

October 8, 2020
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“: Не очекуваме нова блокада во преговорите за членство во ЕУ

October 8, 2020 15:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава, на тема „Западен Балкан по Ковид-19“.

Потенцирајќи го извештајот на Европската Комисија од 2016-та година во којшто нашата земја се посочуваше како „заробена држава“, Пендаровски во своето обраќање истакна сега Северна Македонија е полноправна членка на НАТО и на чекор до формален почеток на преговорите со Европската Унија. 

Во овој контекст, Пендаровски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на преговорите.  Исто така, како што посочи претседателот Пендаровски, „не очекуваме нова блокада, овој пат, од Република Бугарија“, додавајќи дека кон средината на овој месец предвидена е нова средба на македонско – бугарската комисијата за историски и образовни прашања.

„Како што договорот од Преспа реши повеќедецениски проблем, верувам дека во духот на договорот за пријателство и добрососедска политика, Република Бугарија нема да биде причина за ново разочарување за сите нас. Бидејќи ако се случи тоа, незадоволството кај нашите граѓани и кај политичарите ќе биде големо“, подвлече Пендаровски во своето обраќање.

„Токму овие денови, Европската Унија ја покажа својата солидарност кон земјите од Западен Балкан“, рече  Пендаровски поздравувајќи ја одлуката на ЕУ да додели 9 милијарди евра во рамките на новиот економско-развоен пакет за државите од нашиот регион.

Осврнувајќи се на дијалогот помеѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски подвлече дека ќе ја поддржи одлуката на двете земји, каква и да е, се додека таа одлука придонесува за регионалната стабилност и не ги допира суверените права на соседните држави.

„Мојата главна улога како претседател на државата е да ги штитам националните интереси на мојата држава. Затоа бараме од меѓународната заедница кое било решение што ќе го постигнат Белград и Приштина да содржи гаранции за регионалната стабилност. За доброто на целиот регион, секако би сакале што поскоро да се постигне договор помеѓу Србија и Косово“ заклучи претседателот во своето обраќање на глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“.

Прашан за иницијативата “Мини Шенген“,  Пендаровски повтори дека ја поддржува бидејќи иницијативата е автентична идеја на нашите држави и ќе придонесе кон економската соработка во регионот и креирањето на регионален пазар. Секако, крајната цел е целосна интеграција во Европската Унија на сите држави на западниот Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ