• Latest

Пендаровски #НаМегдан одговори 20 директни прашања, Силјановска одби да учествува

May 3, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски #НаМегдан одговори 20 директни прашања, Силјановска одби да учествува

May 3, 2019 18:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од Шарената револуција излезе со иницијативата #НаМегдан со намера да ги соочи двајцата претседателски кандидати со директни прашања од граѓанките и граѓаните. Пендаровски веднаш ја прифати поканата и одговори на повеќе од дваесет прашања на средбата што се одржа на 2 мај, во кафулето Мистер Џек.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова не излезе #НаМегдан.

Во продолжение, одговорите на Пендаровски на поставените прашања од Шарените, новинарите и присутните граѓанки и граѓани:

1. Пендаровски #НаМегдан: Гласавме за амнестија, заради македонските перспективи

Како се чувствувавте дента кога се изгласа амнестијата за дел од обвинетите за настаните од 27 април и што мислите за амнестијата низ призмата на принципите и вредностите на Шарената револуција?

2.Пендаровски #НаМегдан: Спортот треба да добива директна финансиска поддршка од буџетот

Дали ќе поддржите и дали ќе иницирате дијалог за законски измени со кои се предвидуваат поголеми издатоци за спортските федерации на сметка на државната Агенција за млади и спорт?

3.Пендаровски #НаМегдан: Ќе го поддржам секој закон што ќе ја турка Македонија напред, кон ЕУ

Што ќе преземете, во согласност со вашите ингеренции, за враќање на младите во Македонија? На пример, некои земји на младите што се враќаат им обезбедија вработување од најмалку две години.

4.Пендаровски #НаМегдан: Немањето внатрешно партиска демократија е еден од најголемите проблеми

Дали сте задоволни од нивото на демократичност во партијата што ве кандидира за претседател? Доколку не, што мислите дека може да се поправи? Кои се Вашите идеи за подобрување на демократијата во Република Северна Македонија, особено земaјќи ги предвид дека луѓето ги сметаат партиите како неформално биро за вработување.

5.Пендаровски #НаМегдан: Мора да се почитуваат нашите закони и европските стандарди

Како би одговориле на барањата на Турција, односно Ердоган за екстрадиција на „ѓуленистите“?

6.Пендаровски #НаМегдан: За одговорноста на судиите и обвинителите, и јас го поставувам тоа прашање

Зошто никој од судиите не сноси одговорност, но исто и обвинителите кои молчеа за време на режимот?

7.Пендаровски #НаМегдан: Само со инклузија одиме напред

Врз кој концепт се темели вашиот слоган во кампањата „Заедно напред“, односно ова „заедно“? Врз оној на мултикултурализмот, или врз оној на интеркултурализмот и зошто го избравте токму тој?

8.Пендаровски #НаМегдан: Мекоста е најголемата маана на Заев

Стево Пендаровски што секој ден шеташе со Шарена револуција дали има храброст да каже со кои нешта не се сложува и е незадоволен од скоро двегодишното владеење на Зоран Заев и СДСМ?

9.Пендаровски #НаМегдан: Со судска одлука се вратени 17 милиони евра во буџетот

Дали бројчаникот на Порта Македонија е измислица за да се придобијат гласовите на „шарените“?

10. Пендаровски #НаМегдан: Правото на вето е само суспензивно, не и апсолутно

Доколку собранието изгласа измени во кривичниот законик со кој се брише членот 353, проблематичен член од време на претходната власт за кој Европската унија вели дека треба да го промениме , но кој ќе значи и пропаѓање на неколку постапки на Специјалното јавно обвинителство, дали ќе примените претседателско вето?

11.Пендаровски #НаМегдан: Добро е што ни се случува Антикорупциска

Стево Пендаровски, имате ли намера како потенцијален претседател да ја осудите владата за непотизмот кој го потврди Антикорупциската комисија?

12.Пендаровски #НаМегдан: Од 30-80% подобрување на правосудниот систем

Професоре, бевте често на уличните протести, т.е од „Шарената револуција“. Колку проценти сте сигурни дека во вашиот мандат правосудниот систем ќе почне да работи подеднакво за сите граѓани без исклучок? Понудените одговори се: помалку од 30 проценти, од 30 до 80 проценти, над 80 проценти и 100 проценти?

13.Пендаровски #НаМегдан: Ни Интерпол нема законска можност да го истражува Диво Насеље

Дали ако станете претседател ќе иницирате меѓународна истрага за кумановските настани?

14.Пендаровски #НаМегдан: Постапка може да се обнови само ако има нов доказ

До кога треба да чекаме за случајот „Алфа“ да се суди праведно, а не политички?

15.Пендаровски #НаМегдан: Потребна е промена на легислативата за марихуаната

Што конкретно ќе направат претседателските кандидати во врска со декриминализацијата на канабисот и негова употреба, или одгледување во домашни услови за медицински потреби за лична употреба на секој поединец?

16.Пендаровски #НаМегдан: Да за декриминализација на марихуаната за лична употреба

Прашање со ДА и со НЕ- Дали вие лично би поддржале легализација?

17.Пендаровски #НаМегдан: Имавме сајбер напади, мораме да работиме на колективна одбрана

Како иден командант на одбраната на државата за чиј cyber- defense систем ќе се залага да се воспостави во областа на cyber security и ИКТ реформите на НАТО или на Европската унија?

18.Пендаровски #НаМегдан: Никој не ми забранува да зборувам за што сакам

Како ќе го искористите своето влијание во борбата против злоупотребата на моќта од страна на функционерите во владата?

19.Пендаровски #НаМегдан: Лоша е дистрибуцијата на јавните пари, има премногу партиски војници

Како сметате дека со намалување на буџетските средства за здравството и културата ќе придонесете за подобар живот? Ако се веќе урнисани, а со приватизација на здравството уште повеќе ќе се влоши. Видете само како е во Косово. Прашувам за вашиот став по ова прашање, и како овие потези ќе ги подобрат состојбите

20.Пендаровски #НаМегдан: Силјановска беше адвокат на режимот

Како ќе ги искоментирате обвинувањата од вашиот противкандидат Силјановска дека целата оваа дебата и На Мегдан се дел од вашата ПР стратегија?

Share132Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ