Претседателот на државата Стево Пендаровски го даде своето мислење во врска со впишувањето на етничката припадност во личните карти.
Пендаровски изјави дека тој лично не се согласува етничката припадност да стои во личните карти бидејќи во светот не постои ниту една демократска држава која го има направено тоа. Но, доколку владејачката коалиција се договори, има мнозинство и законот биде донесен по регуларна постапка, тој истакнува дека нема да има аргументи контра таквиот став и дека ќе го потпише указот.
Претседателот смета дека законот со таква одредба нема да ја растури државата ниту ќе има негативни последици, но доколку се изгласа, ќе го потпише иако тој лично не се согласува тој детал да стои во личните карти.