• Latest
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

September 4, 2025

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

Соопштение за јавност

September 4, 2025 14:24
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, МЕДИУМИ, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Share on FacebookShare on Twitter

4 септември 2025

Карпач, Полска – На Економскиот форум во Карпач, Полска, шест водечки организации издадоа заедничка изјава со повик за итна акција за одбрана на медиумската слобода и спротивставување на дезинформациите во Европа. Изјавата, со наслов „На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа“, предупредува на растечките закани од популистички движења, руската хибридна војна и нерегулираните дигитални платформи.

Изјавата беше презентирана на 3 септември за време на снимањето на специјален подкаст и е заеднички поддржана од: Медија дијалог, Германска унија на новинари, Нов европски форум на народите, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Вестминстерска алијанса за Украина и ЦИВИЛ – Центар за слобода. На панелот учествуваше и Првиот секретар на Националното здружение на новинарите на Украина (NUJU), со витални информации од земјата која е во самиот центар на руската агресија.

Клучни предизвици

  • Слободата на медиумите под притисок: Популистичките сили низ Европа го поткопуваат новинарството со ограничување на правата, зголемен притисок врз новинарите и ускратување на поддршка за независните медиуми во дигиталната ера.
  • Руска хибридна војна: Без силно и независно новинарство, граѓанките и граѓаните остануваат ранливи на дезинформации и пропагандни кампањи, особено од Русија и други авторитарни актери.
  • Алармантни трендови во Источна Европа: Изјавата ги потенцира претстојните избори во Чешка во октомври, предупредувајќи на состојбите со Унгарија и Словачка, каде популистичките влади веќе ја ограничуваат медиумската слобода и граѓанските права.

Повик за акција

Потписниците ги повикуваат европските влади, парламенти, Европскиот парламент и Европската комисија да:

  • одолеат на популистичкиот притисок и заплашувања;
  • ги зајакнат медиумските слободи низ Европа;
  • ја надградат ЕМФА и анти-SLAPP регулативата со долгорочна поддршка за независното новинарство;
  • преземат конкретни чекори за воспоставување функционален европски медиумски пазар со платформи и дигитален суверенитет.

Визија за европските медиуми

Изјавата нагласува дека одбраната на медиумската слобода сама по себе не е доволна. Европа мора да создаде независна дигитална инфраструктура – пребарувачи, социјални мрежи и алатки – независни од влијанието на технолошките гиганти од САД, Комунистичката партија на Кина и од Кремљ.

Потписници:

Медија дијалог (Media Dialogue)
Германска унија на новинари (Deutscher Journalisten-Verband, DJV)
Нов европски форум на народите (New European People’s Forum)
Глобална иницијатива за одбрана на демократијата (Defending Democracy Global Initiative)
Вестминстерска алијанса за Украина (Westminster Alliance for Ukraine)
ЦИВИЛ – Центар за слобода


ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ