• Latest

Пендаровски: Нема човекови права и слободи таму каде што правдата е поразена од корупцијата

December 6, 2023

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Пендаровски: Нема човекови права и слободи таму каде што правдата е поразена од корупцијата

December 6, 2023 13:22
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за антикорупција (СЕЛДИ).

Посочувајќи дека како држава пред 20 години ја ратификувавме Конвенцијата против корупција на Обединетите Нации, во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека и по две децении од Конвенцијата, дури 63% од македонските граѓани сметаат дека корупцијата е наш најголем проблем.

.„Пред точно 20 години, Обединетите нации ја донесоа Конвенцијата против корупцијата. Во таа прилика, генералниот секретар на ОН, Кофи Анан ја спореди корупцијата со „подмолна чума“ која ги поткопува демократијата и владеењето на правото, ги повредува човековите права, го нарушува пазарот, го еродира квалитетот на животот и го овозможува организираниот криминал, тероризмот и другите закани за човековата безбедност. Ние ја ратификувавме оваа конвенција и се приклучивме прилично брзо кон низа глобални и регионални антикорупциски документи и механизми.

Сепак, две децении подоцна, дури 63% од македонските граѓани ја сметаат корупцијата за наш најголем проблем. Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година ја рангира Македонија на 85-то место во светот. Само 6 или 7 европски држави, зависно од времето на мерење, се зад нас, од кои ниту една не е земја членка на Европската Унија. Индексот за владеење на правото, пак, нѐ рангира на 67. место од вкупно 142 држави, со забележан пад во повеќе области. Дури половина од истрагите што Европската служба за борба против измами – ОЛАФ ги отвори за земјите од Западниот Балкан, се поврзани со злоупотреби на европските фондови во Македонија.

Една од препораките на ГРЕКО, која остана не имплементирана, се однесува на примената на системот на санкции во однос на прекршување на правилата за конфликт на интереси, интегритет и антикорупција. Ваквите системски пропусти, воопшто, не се наивни. Оние кои корумпираат успеваат да ја избегнат одговорноста со помош на неколку тактики, од негирање на корупцијата, преку минимизирање на нејзините ефекти, одвлекување на вниманието на јавноста од проблемот, па сѐ до дискредитирање на критичарите или замолкнување на свиркачите“; изјави Пендаровски.

Пендаровски го постави и прашањето кога се знаат проблемите што би биле решенијата, истакнувајќи дека првенствнео е потребно усогласување на легислативата со европското законодавство, како и создавање широк антикоруптивен фронт.

„Трето, создавање на широк антикоруптивен фронт. За да биде ефективна, антикорупцијата не смее да се сведе на процедура во надлежност на неколку институции, туку мора да прерасне во потфат кој ќе добива поддршка од целото општество. При тоа е неспорно дека борбата против корупцијата е пред се задача на секоја институција, за секоја од гранките на власта, и за владејачката коалиција и за опозицијата, на централно и на локално ниво. Меѓутоа, медиумите, истражувачкото новинарство, невладиниот сектор и јавноста имаат незаменлива улога во тој процес“, истакна Пендаровски.

„На 9 декември, за само три дена, ќе го одбележиме Меѓународниот ден на антикорупција, а на 10 декември е Денот на човековите права. Овие два последователни датуми не се случајно одбрани. Нема човекови права и слободи таму каде што правдата е поразена од корупцијата. Антикорупцијата не е само правна или политичка тема и сигурно не е само процедура, туку и длабоко морално и етичко прашање што задира во фундаменталните човекови права и слободи. Ако сакаме да изградиме праведно општество засновано на највисоки етички вредности и интегритет, тогаш антикорупцијата треба да биде во средиштето на сите наши напори и политики“, вели Пендаорвски во своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ