-Не е точно дека само Пендаровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функионери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, изјави претседателот Стево Пендаровски, во емисијата Стадион на Канал 77.
Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат,секој пат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ… Такво нешто нема до сега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ново. Ниту еден политичар нема добиено негативно решение, или да е формално одбиен од НАТО, додава Пендаровски.