• Latest

Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

April 5, 2021

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

April 5, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Блаже Конески, туку и долг кон самите себеси, кон сите наши предци и кон идните генерации, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоција на  поштенска марка со ликот на Блаже Конески, во рамки на одбележувањето на јубилејот-100 години од неговото раѓање.

Марката  е издадена во 6.000 примероци. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје.

Како што потсети Пендаровски, на промоцијата на книгата „Борба за македонски литературен јазик“ во 1987 на Трајко Стаматовски, кој не напушти пред неколку дена, Конески ја искажа познатата и често цитирана мисла за јазикот како единствена комплетна татковина, односно најголемо приближување до идеалната татковина.

– Тогаш Конески го рече и следново „И во моменти на раслојувања и колебања, последно што треба да ни паѓа на ум е да ги поставуваме под прашање придобивките на нашата самостојна акција на јазичен план“. За жал, и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик и неговото верифицирање од страна на светската лингвистичка наука, сведоци сме на негации и притисоци. Сепак, ме радува фактот што барем внатрешно немаме никакви колебања и што обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик, рече претседателот.

Негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, дополни шефот на државата, не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации.

– Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти и македонисти кои го проучувале и изучувале, кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски. На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и кон правдата. Затоа во годината на Конески, но и во секоја следна како општество, но и како поединци, обични граѓани или претставници на институции, да работиме сплотено и одговорно во афирмација и промоција на неговото дело, порача Пендаровски.

Министерката за култура Ирена Стефоска потенцираше дека Конески е наша национална гордост. – Секој негов збор истовремено е и порака и аманет, наша должност, наша обврска е да не заборавиме да ги пренесуваме на идните генерации како аманет кон нив, рече Стефоска.

фото: МИА

Промоцијата на  поштенската марка, укажа таа, е само дел од обемната програма насловена „2021 година во чест на Блаже Конески“. Веќе се изработуваат и повеќе видови логоа, потоа видеа за животот и делото на Блаже Конески, веб анимации со анимирани текстови од поезијата и цитати, како и аудиовизуелни спотови со песни на повеќе јазици. – Предвидено е и издавање на книги, монографии, пригодни академски изданија и зборници посветени на ликот и делото на Конески, научно-наставни проекти, конференции, како и промоција на дигиталното издание на толковниот речник на македонскиот јазик, рече Стефоска.

Неодамна, на 21 март по повод Светскиот ден на поезијата, во седиштето на УНЕСКО во Париз беше организиран настан во чест на Конески. Во септември ќе се реализира чествување на Конески  и во Риека, Хрватска и во Галовеј, Ирска, двата града кои се европски престолнини на културата. Исто така, најави Стефоска, ќе се организира и чествување и во Софија, соседна Бугарија. Во рамки на манифестацијата Охридско лето ќе се реализира концерт со изведба на дела инспирирани од ликот и делот на Блаже Конески, ќе бидат реализирани и повеќе изложби на фотографии, аудиовизуелни материјали, портрети, ракописи, книги, илустрации на негови книжевни дела. Поетската манифестација Струшки вечери на поезијата. која годинава одбележува 60 години од постоењето, во рамките на програмата ќе организира и посета на странски поети не само во Струга, туку и во Спомен-куќата на Конески во Небрегово и редица други манифестации како дел од Струшките вечери на поезијата, информира Стефоска, најавувајќи и конкурси за ученици во основните училишта, како и за млади автори за создавање дела инспирирани од поезијата на Блаже Конески.

Претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, пак, нагласи дека Конески е наша традиција, темелник на македонската култура во 20 век и светилник на својот македонски народ.

– Се служиме со неговата граматика, го употребуваме нашиот стандарден македонски јазик, ја објаснуваме историјата на нашиот македонски јазик служејќи се со неговата историја на македонскиот јазик, ги оживуваме нашите дејци од 19 век, создаваме емоции кон нив благодарејќи на неговите трудови посветени на историјата на македонскиот писмен јазик, рече Спасов.

фото: МИА

Директорот на Пошта на РСМ верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција.

– За да ја прошириме во целиот свет да стане што повидлива сите да испратиме барем едно писмо, на некому што му недостига, некому што го чувствуваме близок и да ја ставиме поштенската марка со ликот на Конески, особено во ова тешко време, кога корона-пандемијата физички не одделува едни од други, порача Макрадули.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ