• Latest

Пендаровски: Од политички причини, повторно се негира македонскиот јазик, иако е одамна верификуван од светската лингвистичка наука

January 25, 2021
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Од политички причини, повторно се негира македонскиот јазик, иако е одамна верификуван од светската лингвистичка наука

January 25, 2021 10:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески заслужува најголема почит и благодарност. Заслужува, еден век од неговото раѓање, 2021-вата да биде година во негова чест.

Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во обраќањето преку видео-порака на отворањето на Зимската школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, литература и култура, којашто започнува денеска и е првата активност за одбележување на овој голем јубилеј.

-Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е уште поголемо, што овој настан се одвива токму во годината во која одбележуваме едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески, вели претседателот Пендаровски.

Впрочем, како што посочува, 2021-та  ја прогласивме за година во чест на Блаже Конески и сите релевантни институции од областа на културата, науката и образованието ќе бидат вклучени во реализација на активности и проекти поврзани со оваа значајна годишнина,

– Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот, нагласува претседателот на државата.

Изразувајќи благодарност до сите учесници, Пендаровски вели дека тие придонесуваат за меѓународна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Согласно актуелната ситуација со пандемијата, како и во случајот со минатогодишната летна школа така и сега, како што истакнува Пендаровски, сите настани се онлајн.

Шефот на државата изразува надеж дека наскоро по започнување на процесот на вакцинирање,  човештвото, во целина, ќе излезе како победник во борбата со Ковид 19 и полека ќе се вратиме на нормалното секојдневие, така што, следната школа ќе може, согласно традицијата, да биде одржана во Охрид со физичко присуство на сите учесници.

-Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, импресиониран сум од сите предвидени настани и програмски содржини. Се радувам што токму преку првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чии рамки е и Филолошкиот факултет кој го носи името на Блаже Конески, практично прв започнува со активности за одбележување на големиот јубилеј, вели Пендаровски./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ