• Latest

Пендаровски: Потребно е будење на колективната и индивидуалната свест, како и солидарност во општеството за климатска акција

May 21, 2020
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Потребно е будење на колективната и индивидуалната свест, како и солидарност во општеството за климатска акција

May 21, 2020 12:31
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа онлајн конференција се одржува во време на глобалната пандемија на Ковид-19, која јас мислам не само што не треба да нè дефокусира од адресирањето на климатските промени, туку може да ни даде и нова перспектива за согледување на ова прашање, рече претседателот Стево Пендаровски во он лајн обраќањето на јубилејната меѓународна конференција за европски интеграции, годинава на тема „Климатски промени: предизвици и градење отпорност“, што ја организира на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

– Пандемијата доведе до забавување, некаде и до целосно запирање на индустријата, на производството, на транспортот во многу земји во светот. Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорд аналитика“ проценува, на пример, дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе се намалат во 2020 како резултат на продолжениот прекин на многу економски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенска агенција потврдија дека само во случајот со Народна Република Кина, нивото на нитроген диоксид е намален за 40 отсто, рече Пендаровски.

Според него, овие податоци недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот е одговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, дека природата сè уште може за релативно кратко време да врати дел од нарушениот баланс. 

– Меѓутоа, многу експерти со право предупредуваат дека е прерано за славење. Светот допрва ќе се соочи со економска криза во која многу влади и компании ќе прават компромиси на сметка на еколошката и климатската агенда. И Светскиот економски форум во својот извештај од април оваа година потврдува дека иако многумина во пандемијата препознаваат можност за решителни чекори во преструктурирање на економиите, индустриите, технологијата, воопшто начинот на живот, во согласност со принципите на одржливиот развој,  сепак приоритет ќе им се даде на бизнисот и на работните места. Тоа значи дека за многу кратко време, за жал, ќе го вратиме дисбалансот, посочи тој.

Пендаровски истакна дека се додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ние ќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој и затоа, нашиот економски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален.

– Науката, технологијата, иновациите се многу важен дел од решението, но не се целото решение. Ако се надеваме дека новата технологија ќе ни овозможи да продолжиме со нашите стари навики, тогаш само ќе ја влошиме состојбата. За да изградиме отпорност кон последиците од климатските промени, освен одржлива технологија, неопходни ни се и одржливи навики. А навиките се стекнуваат и се шират преку образованието. Меѓународните договори и конвенции за одржлив развој и климатска акција, вклучително и Целите за одржлив развој 2030 на ОН и Парискиот климатски договор нагласуваат една иста работа. А тоа е дека интегрираното еколошко образование е неопходно за да се подигне општествената свест и да се формираат одржливи навики, рече Пендаровски.

Според него, ако сака вистински да изгради одржливи навики, образованието мора да промовира етика на одржливост, која не може да се сведе само на научни сознанија и на технолошки решенија, туку мора да се разбуди и индивидуалната и колективна свест и тој пристап налага неколку елементи.

– Прво, потребна е синергија меѓу природните и општествените науки. Климатските промени не се само физички феномен. Со нашиот модел на развој, ние ги поттикнуваме климатските промени. Затоа, како хибриден, физичко-културолошки феномен, климатските промени треба да бидат адресирани не само од екологисти и од економисти, туку и од социолози, антрополози, етичари, филозофи… Само со интердисциплинарен пристап ќе развиеме климатска етика што ќе ни помогне правилно да го разбереме нашиот однос кон планетата, кон луѓето и кон иднината, рече Пендаровски.

За него потребна е и солидарност во општеството, и во секоја држава, вклучително и кај нас, климатската акција треба да опфати што повеќе сегменти од општеството. Затоа и јас ја поддржав платформата „Не игнорирај, реагирај“ која обединува експерти од различни области, граѓански активисти, екологисти, креатори на јавно мислење, медиуми, поединци, со цел да се изложат проблемите со кои се соочуваме како заедница.

– Трето, неопходна е солидарност меѓу државите. Климатските промени, јасно е, се предизвик што ги надминува капацитетите на секоја поединечна држава. Ние го потпишавме и го ратификувавме Договорот од Париз за климатските промени. Според т.н. Green Deal на Европската комисија, тие се обврзаа, а ние сакаме да бидеме членки таму, да ја направат Европа првиот климатски неутрален континент до 2050 година. А, за време на мојата официјална посета на Австрија, минатата година, ја поддржав климатската иницијатива на австрискиот претседател Ван дер Белен, истакна претседателот.

Пендаровски посочи дека е неопходна и трансгенерациска солидарност, при што, како што рече, нашата генерација мора да се откаже од дел од удопствата во животот за наредните генерации да можат воопшто да живеат. 

– Тоа е голем предизвик реално кажано за политиката каква што ја знаеме. Политичарите и владите не секогаш се подготвени да застанат зад непопуларни политики чии позитивни резултати ќе бидат почувствувани на долг рок, кога некој друг ќе биде на власт. Но, климатските промени и загадувањето не можат да бидат дневнополитички прашања. Затоа, како претседател предложив да се зафатиме со носење натпартиска државна стратегија за ублажување на негативните ефекти од оваа појава. Ја поддржав заложбата на граѓанскиот сектор да имаме поголем државен буџет за заштита на животната средина со цел да се приближиме кон просекот на земјите членки на ЕУ. Исто така, иако беше во завршна фаза, пред да ја потпишам ја вратив во процедура Стратегијата за одбрана за да ја дополниме со посебен дел за мерки и активности поврзани со еколошката безбедност, подвлече претседателот.

Изрази уверување дека со општествена, со политичка и со меѓународна солидарност ќе успееме да промениме дел од нашите животни, производствени и потрошувачки навики за да можеме да намалиме барем дел од причините за климатските промени. 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ