• Latest

Пендаровски: Потребно е намалување на поларизацијата помеѓу институциите

June 27, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Потребно е намалување на поларизацијата помеѓу институциите

„Наспроти заморот од долгата и мачна транзиција и перцепциите кои се предизвикани воглавно од тоа, имаме традиција и култура, имаме прекрасна земја и прекрасни луѓе. Зарем треба во нашите животи да се опкружиме со гнев и омраза и наместо достоинство и почит кон другиот да негуваме гнев и завист?“, праша Пендаровски

June 27, 2019 13:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот „невидлив“ критериум за членство во ЕУ“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Пендаровски истакна дека преку својата изборна платформа се обрзал  дека ќе даде личен придонес за прекинување на политиката на поделби, омраза и конфликти, поврзувајќи ги граѓаните независно од нивното етничко, верско, социјално или друго потекло.

„Во овој контекст, за да ги придвижиме процесите во позитивна насока уверен сум дека моравме, прво, да донесеме неколку тешки, но, битни одлуки кои ја стабилизираа земјата, или барем одат во таа насока, и кои ни отворија можности за развој и просперитет. При тоа, иако декларативно имавме или имаме обединување околу стратешките цели – тука освен ЕУ и НАТО го вбројувам и Рамковниот договор, за жал, наидовме на многу опструкции кои беа далеку од конструктивни критики и забелешки и кои ни одземаа многу време и енергија, како држава. Сега кога сме на прагот на формалното членство во НАТО и пред почеток на преговорите со Европската Унија, повторно сме соочени со ново, дополнително поларизирање на односите, недоверба и малодушност. Тука не ги вбројувам, се разбира, конструктивните критики и нудењето идеи и решенија за подобрување на политиките кои придонесуваат за реализација на стратешките цели“, истакна Пендаровски.

Еден од условите за намалување на поларизацијата во општеството, според Пендаровски, е и преку намалување на поларизацијата помеѓу институциите.

„Сведоци сме колку малку ни е потребно за сплотеност околу заедничките цели и вредности. Видете ги само последните примери – што се случуваше по успехот на Тамара на Евровизија, по освојувањето на европската титула на РК Вардар, по златниот медал на кадетското првенство во борење на Бесир Алили.  Имаме извонредни уметници, големи научници, спортски величини кои треба заеднички да ги респектираме. Наспроти заморот од долгата и мачна транзиција и перцепциите кои се предизвикани воглавно од тоа, имаме традиција и култура, имаме прекрасна земја и прекрасни луѓе. Зарем треба во нашите животи да се опкружиме со гнев и омраза и наместо достоинство и почит кон другиот да негуваме гнев и завист?“, истакна Пендаровски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ