• Latest

Пендаровски: Следната власт да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво кај политичарите

December 18, 2019

Костовски: Едноставно, ние на Европа ѝ велиме – не нè интересира Унијата

June 14, 2025

Иран се заканува со затворање на Ормускиот теснец – излез на Персискиот залив и една од најважните геостратешки точки во светот

June 14, 2025

Би-Би-Си: Крајната цел на Израел може да биде промена на режимот во Иран, но под голем ризик

June 14, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дерала: Во земја без море, родена е спасителката на океаните, од Кичево до Пацификот

June 14, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 18:05 часот -„Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство“ велат семејствата на жртвите

June 14, 2025

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана го предупредува Иран за ракетните напади

June 14, 2025
Ракетен ирански напад на Тел Авив. Фото: Скриншот

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција да не помагаат во спречувањето на иранските напади врз Израел

June 14, 2025

Папата Лео апелира за разумност и дијалог по воздушните напади меѓу Израел и Иран

June 14, 2025

Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

June 14, 2025

Украина репатрира уште тела од паднати војници во голема размена со Русија

June 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Следната власт да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво кај политичарите

December 18, 2019 12:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати во Собранието на Република Северна Македонија.

 

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=d0_piG0IyT8&live=1[/embedyt]

Пендаровски посочи дека старите поделби по етничка и партиска линија не се надминати, а на дневна основа има и новите поделби.

„Се додека се делиме по различни основи и ги дискриминираме поинаквите од нас, не можеме да зборуваме за напредок и да се дефинираме како прогресивно општество. При тоа, ниту една промена на подобро не се случила затоа што јавноста или средината биле подготвени за тоа, туку, затоа што некој активно работел за тие промени да се случат. Против предрасудите и стереотипите треба да се бориме сите, но, да не се лажеме, одговорноста да се биде во првите редови на таа борба лежи, пред се, врз нас, избраните политичари“, подвлече тој, потенцирајќи дека од првите денови од мандатот се обидува да даде конкретен придонес во таа насока.

Пендаровски, нагласи дека негова главна цел била и останува, да биде независен, да биде претседател на сите, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх. Пред него, рече, и пред сите стои огромна работа бидејќи поделбите меѓу граѓаните на кои некои работеа со години, се се уште длабоки.

Во тој контекст, рече Пендаровски, до крајот на годината, за прв пат во Кабинетот на еден Претседател, ќе бидат организирани серија средби на навивачките групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001-та, кои, тогаш, биле на различни страни. Целта на Претседателот е на овие млади луѓе, преку директни примери да им се покаже цената на насилството и вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја.

Пендаровски во своето обраќање, меѓу другото, се осврна и на Законот за јазиците, особено, по мислењето на Венецијанската комисија кое, за жал, рече, според старите и лоши навики е прочитано исклучиво преку политичка и етничка диоптрија. Тој потсети дека пред две години, како пратеник, во Комисијата за европски прашања аргументирал дека ниту една држава не се распаднала затоа што на своите граѓани им дала премногу права во областа на јазикот. Законот за јазици сигурно нема потенцијал да ја дестабилизира земјата, меѓутоа, ако велиме дека законите ги носиме заради граѓаните, чесно е да ги направиме сите неопходни корекции за тие навистина да заживеат.

Како врв на лошите состојби во правосудниот систем,  Пендаровски ја посочи тн. афера „Рекет“ во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана со една единствена цел – да ги гони криминалците.

„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа е перцепцијата кај граѓаните дека само сиромашните, и луѓето на маргини, без релација со некоја власт одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа и не треба да не чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат тн. реални шоуа, а нивните идоли не се чесните луѓе – домаќини, со образ и личен интегритет, туку, типови од криминалниот полусвет“, нагласи Пендаровски, порачувајќи и на следната власт, веднаш по изборите да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво, кај политичарите. За секого за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка.

Пендаровски ги нагласи и храбрите политички чекори на актуелната власт, која ги затвори политичките спорови со историска димензија со Бугарија и Грција.

„Тоа можеа да го направат само политичари со визија и, тука, мислам на најодговорните во сите три држави во тие моменти. Вредноста на двата договори е што направивме компромис за да ја отвориме вратата на евроатлантските интеграции како предуслов за нашиот напредок, но, при тоа, не го компромитиравме најбитно за нас – идентитетот кој сега има и меѓународна верификација. Точно е дека во имплементацијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија во последниве месеци е видливо забавување во работата на заедничката комисија составена од историчари. Во таа смисла, ние сме апсолутно подготвени да ги соочиме аргументите за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност, исто така сме подготвени, за заеднички напори насочени кон деидеологизација на историјата, меѓутоа, правото да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик било и ќе  биде надвор од било каква дебата, бидејќи тоа се одамна завршени историски процеси“, рече Пендаровски.

Во контекст на актуелните регионални иницијативи,  Пендаровски истакна дека тие во ниту еден случај не треба да бидат разбрани како замена за европските интеграции, туку само како инструмент за наше побрзо интегрирање во Европа.

Во своето обраќање, претседателот посочи и на сериозната опасност за нашата сегашност и иднина, а тоа  е загадувањето на животната средина. Предложи тоа прашање да се извади од дневната политика и да се донесе натпартиска државна стратегија за ублажување на негативните ефекти од оваа појава која сериозно ги нарушува потенцијалите на нацијата.

Претседателот ги повика релевантните политички субјекти, да седнат заедно и да донесат натпартиска стратегија, барем за ублажување на последиците од голготата на нашиот народ со иселувањето.

При тоа, не како политичари, туку како обични луѓе, ние мора да се согласиме дека ако макар само еден единствен млад човек ја напушти државата, заради нашите политики, тоа не е трагедија само за неговото семејство, туку, објективно и за сите нас.

Тој нагласи дека на пролет е исклучително важно да организираме фер и демократски избори.

„Претстојните парламентарни избори, едноставно, не смеат да бидат под нивото на претседателските и тоа според двете суштински компоненти: прво, демократски амбиент со слободни медиуми и вработени во админстрацијата ослободени од притисоци и второ, политичка реторика и култура која го почитува противникот и ја честита победата на крајот на изборниот ден. Секој од нас има должност и одговорност, не реторички, туку практично, да покаже пред граѓаните дека изборната битка не е борба на живот и смрт. Сите сме биле во кампања и знаеме дека емоциите во тој период се на повисоко ниво, дека зборот понекогаш може да побегне, да не понесе еуфоричната атмосфера, меѓутоа, најважно е да не заборавиме дека по изборите и по завршувањето на мандатот ќе треба повторно да се погледнеме во очи, и затоа треба да го чуваме образот и да останеме луѓе до крај.  Сакам да ви ги честитам претстојните празници, а за 2020 година нема да ви посакам среќа на изборите, туку, само здравје и среќа за вас и вашите најблиски. Да сте сите живи и здрави и да ни е вечна нашата заедничка држава, Република Северна Македонија“, рече  Пендаровски, во своето обраќање во Собранието на Република Северна Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    486 shares
    Share 194 Tweet 122
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    218 shares
    Share 87 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    97 shares
    Share 39 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ