• Latest

Пендаровски: Тоа дека страницата на ДИК ја собориле млади лица е приказна за мали деца

October 19, 2020

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Тоа дека страницата на ДИК ја собориле млади лица е приказна за мали деца

October 19, 2020 13:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние како држава бевме предмет на сериозни хибридни напади првпат за време на Референдумот во 2018 година. Меѓутоа тогаш уште не бевме внатре во НАТО алијансата, тогаш добивавме некаква поддршка на билатерално ниво, но не таква каква што добиваме сега. Последниот пат со сихронизиран напад со огромен интензитет кој досега не беше забележан кај нас, со кој беше соборена страницата на Државната изборна комисија на самиот изборен ден, а тоа не го прави еден човек, тоа се приказни за мали деца дека тоа го направиле 2-3 хакери млади луѓе кои направиле таква штета, тоа не е точно“, рече Претседателот на државата, Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – „Во каква состојба е македонската национална безбедност и стабилност со оглед на зголемување на лажните вести, говорот на омразата, пред сè на етничката припадност и хибридните напади?“.

Тој истакна дека хибридните напади се нов проблем, но наша среќа е што од 27 март оваа година сме членки на НАТО и дека почнавме да добиваме обилна помош и поддршка од другите сојузници во НАТО.

„Хибридните напади за НАТО алијансата се дефинирани како групата на најголеми закани. Во последно време, како се забавува нашто одење кон ЕУ, тие хибридни напади повторно се јавуваат во последниот месец – два, меѓутоа сега не сме сами, сега разменуваме информации и имаме неколку советници на билатерална основа дојдени од многу моќни држави во Алијансата кои токму сега се во Скопје и помагаат во таа насока.

Хибридните закани се практично нормативно нерешени во целиот свет. Тоа е како некој друг вид на физичка закана и очигледно светот сè уште лута во пронаоѓање на добар одговор на хибридните напади. Едната крајност е да се регулираат социјалните мрежи што е веројатно невозможно, другата крајност е државата да пенетрира во социјаните мрежи што претставува шпионажа и што е кршење на основните човекови права и слободи“, нагласи Пендаровски.

Претседателот смета дека со хибридните напади светот а и ние како држава со мали ресурси допрва ќе имаме проблем. Тој истакна дека дури и Америка не може да излезе на крај со хибридните напади и преку своите главни агенции за борба против хибридните напади констатира дека во 2016 година хибридните закани и напади направиле голема штета и дури влијаеле на изборите.

„Во меѓувреме, има потврдени јавно достапни извештаи дека хибридни напади се случувале на последните претседателските избори во Франција, во Холандија и во Германија. Нашиот референдум е ситна работа за тоа“, вели Пендаровски.

Пендаровски учествуваше на Националниот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 16 октомври (петок) во хотел Александар Палас во Скопје.

Дехран Муратов

Видео извор: Цивика мобилитас

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ