• Latest

Пендаровски: Власта и опозицијата да си подадат рака – пописот да биде во мај или јуни, бојкот да нема

February 3, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Власта и опозицијата да си подадат рака – пописот да биде во мај или јуни, бојкот да нема

February 3, 2021 09:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски смета дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира.

– Со ова се обидувам да направам мост меѓу двете политички опции. Тврдам дека политичката поларизација ја уназадува нашата држава повеќе од се друго. Проблем ли е да ги повикаш твоите да не прават бојкот или пописот да биде во мај или јуни. Да си подадеме рака. Не гледам причина зошто пописот да не се одложи за месец или два. Сосема легитимни се барањата од аспект на здравството. Ако сме чекале 20 години, нема да е грев да биде во мај или јуни, но да го направиме за да нема воопшто страв кај граѓаните поради ковидот, рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ 24.

Бојкотот на пописот, оцени Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ може само да и нанесе повеќе штета. Според него, поиздржано би било да не се признаат резултатите, отколку да се бојкотира процесот.

За шефот на државата небулозни се обвинувањата дека Заев и Ахмети договориле штелувани резултати на пописот за да има 32 отсто Албанци во државата. Пописот е најдобро да се одржи по класичниот метод, од куќа до куќа, но добро е да биде засилен и со новите методологии.

-Ако направиме саглам традиционален попис засилен со нови методологии, гарантирам дека можеме со мала политичка волја да ги исчитиме и гласачките листи за локалните избори, рече Пендаровски.

Во несогласувањето и критиките околу врзаниот потпис, тој препознава нечија скриена политичка агенда. „Фамозниот двоен потпис“, оценува претседателот, има политичка логика која произлегува од 2001 година, од Рамковниот договор. Тој е дециден дека двојниот потпис е раритет во Европа, но и Рамковниот договор, нагласува, е раритет.

-Очигледно некој има скриена агенда што не сака да ја соопшти и тука всушност се случува политизацијата на пописот. Сметам дека од повикот на бојкот ќе има штета онаа етничка заедница за која се залагаш, а можно е на крај на пописот некои политички субјекти  да кажат дека не ги признаваат резултатите, тоа е легитмно. Со бојкотот ќе се направи голема политичка штета, нема да добиеш ништо, туку ќе изгубиш, потенцира претседателот, но сепак признава дека имало неколку издржани решенија од опозицијата во однос на Законот за попис кои не биле прифатени од власта.

На прашањето дали може повторно да ги седне на заедничка маса Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Пендаровски вели дека е подготвен за такво нешто.

-Јас можам, но ви кажувам дека нема да се согласи другата страна да дојде. Инаку јас сум подготвен, јас сум тука. Не можете со сила да ги влечете на маса, ако тој ви вели – јас не комуницирам со тебе зашто си му дал мандатот на Заев, напомена Пендаровски и додаде дека од летото немал средба со Мицкоски.

Претседателот смета дека Мицкоски не комуницира со него од некаков внатрепартиски резон кој, пак, служи за оправдување на изборниот неуспех што ВМРО-ДПМНЕ не го очекуваше.

-Тоа нема никаква врска со моето евентуално пречекорување на уставните надлежности. Јас сум обврзан мојата врата да биде постојано отворена за сите, за тоа сум платен од граѓаните. Со сите останати чинители имам регуларна комуникација, и со албанската опозиција и со невладините и со граѓанските здруженија, освен со ВМРО-ДПМНЕ, по нивна желба и прилична тенка аргументација. Мене ми е жал заради тоа, имам искрена желба да направам сосема поинаква кохабитација со оној што е опозиција. Понудив и на секоја седница на Советот за безбедност да има претставник од опозицијата, но тие тоа го одбија со образложение дека таму се разговараат тривијални теми, а во првиот месец од мандатот им предложив четирите главни дипломатски поста да ги решиме заедно, Вашингтон, Њујорк и во Брисел двете позиции – НАТО и ЕУ, но и тоа беше одбиено, рече Пендаровски.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ