Пентагон негираше дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет наредил запирање на сајбер операциите против Русија, објави Блумберг на 4 март, цитирајќи неименуван висок претставник на одбраната.
The Record претходно објави дека на американската сајбер команда и е наредено да ги прекине офанзивните сајбер и информативни операции против Москва. Веста се совпадна со напорите на претседателот Доналд Трамп да преговара за завршување на руската војна во Украина под услови за кои критичарите тврдат дека се во корист на Москва, пренесува Кијив Индипендент.
Експертите за сајбер безбедност предупредија дека таквиот потег ќе биде од корист на еден од најупорните американски сајбер противници, што потенцијално ќе ја ослабне моќта на САД и во сајбер и во конвенционалните воени операции.
Руските хакерски групи се вклучија во различни форми на сајбер војна во текот на целата војна, вклучувајќи сајбер напади против Украина, хакирање на цивилна инфраструктура во Европа и мешање во странски избори.
Но, според извор цитиран од Блумберг, Хегсет не ги откажал или суспендирал сајбер операциите против Русија. Ниту, пак, издал наредба за поништување на овој приоритет, рече изворот.
Сајбер-командата на САД надгледува 135 тимови на „сили на сајбер мисијата“. Според Блумберг, единиците вклучени во офанзивните операции се тимови за сајбер-борбена мисија.
Д. Мишев