• Latest

Апостол Симовски во „Перспективи 2021“: Пописот не смее да се политизира

December 25, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Апостол Симовски во „Перспективи 2021“: Пописот не смее да се политизира

December 25, 2020 16:00
in ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

-Најбрзата обработка на резултати од попис траеше година и пол, што е досега рекордно време за обработка на податоците, претходно траеле две до две и пол години. Како што стои сега во законот, ние треба да излеземе со обработени податоци шест месеци по спроведувањето на пописот. Јас повеќепати јавно сум кажал дека веројатно ќе завршиме за три месеци. Бидејќи многу од работите се веќе вградени во таа апликација. Во тоа апликативно решение  го има целокупниот сет на контроли кои во принцип сме ги правеле отпосле. И да погреши попишувачот, компјутерот му јавува грешка, и таа грешка се коригира заедно со лицето што  го дава податокот. Ако се прави во текот на обработката тогаш веќе доаѓа до математички модели, па се оди на таа веројатност на одговорот, вели Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика.

Јас бев промоторот на идејата во овој попис да се исклучи белегот на етничка припадност, не поради тоа што тој белег не дава убави, интересни и корисни информации, туку заради тоа што тој белег е главниот момент каде што политиката се фаќа за пописот и сака да го злоупотреби до максимум. И нема да се сложам дека со пописот во 2012 година почна политизацијата, тоа е практикувано и во минатиот систем, потоа, вели Симовски. Јас сум демограф по професија, и ме интересираат демографските движења кај  различните етнички и верски заедници, бидејќи тие различности во овој дел, различно влијаат на демографските случувања. Тие обичаи, убедувања итн. Имаат свој импакт во реалноста, и затоа сакаме да ги анализираме. Но ако ставиме на кантар, колку добиваме со овие белези, а колку губиме кога политиката ќе ги зграпчи, јас ја промовирав како личен став, а потоа Заводот ја прифати како свој став. Но јавноста реагираше како што реагираше, и прифативме тој белег да биде вклучен бидејќи јавноста има интерес. Ќе биде вклучен во пописот и секој слободно ќе може да се изјасни како што сака.

– Често пати политичарите, сакајќи да кажат дека пописот, и да не сакаме ние, мора да биде политичка тема, бидејќи во уставот имаме одредени права коишто се стекнуваат врз основа на процентуална застапеност. Или не знаеме да го читаме Уставот, или не сакаме да го читаме. Во Уставот пишува- граѓани коишто говорат јазик различен од македонскиот да се повика 20 проценти, никаде не е спомната етничката припадност. Што значи дека овој дел нема врска со етничката припадност. Дури и во препораките на Обединетите Нации, и тука се мешаат бабите и жабите во јавноста, нема Евростат свои препораки. Постојат препораки на Обединетите Нации, економската Комисија за Европа, тоа е дел на којшто ние припаѓаме како земја, носи препораки коишто ги прифаќа и Евростат. Значи сите, и Евростат учествува во тие носења како и секоја земја, и ние, како земја, како завод учествуваме во  подготовката и носењето на тие препораки. И на крај, кога ќе се донесат, важат за сите земји во светот, подеднакво. Правилата на Европската Унија  се многу едноставни, пописите треба да се спроведуваат во годините што завршуваат со бројот 1, и има уште две регулативи, во едната се објаснува аутпутот, што треба да биде излезен податок од пописот, во која форма, какви табели, и содржина, и второ, кои методи на спроведување на пописот се на располагање.

Во светот постојат четири методи, коишто се спроведуваат со комбинација на техниките, и нема други методи во светот. Постои традиционален метод, класично попишување и овој комбинираниот којшто го користиме ние. Има метод со користење податоци исклучиво од регистри, тоа е совршенство и дај боже да го достигнеме… Оваа година 11 земји во Европската Унија на овој начин ќе го спроведуваат пописот, и има еден единствен метод којшто го применува само Франција, таканаречен „тркалачки попис“ (rolling census), каде што во текот на десет години се прават анкети и се заедно се сублимира како пописен податок. Но ова е уникатно француско искуство, ниедна друга земја во светот не го применува бидејќи смета дека не може. И тоа е тоа, не постојат европски стандарди, постојат светски стандарди коишто ги прифаќа Европа. А опозицијата вели пописот не ги исполнува европските стандарди…Кои стандарди? Ете минатата година требаше да биде пописот, надвор од регулативата на ЕУ, но ние добивме дозвола од Евростат бидејќи немавме во 2011, требаше да направиме во 2012 попис, а не во 2020…

Ние велиме 2 милиони и 73 илјади жители  во декември минатата година живееле во нашата земја, има ли човек во државата што ќе поверува во овој податок? Тој е официјален бидејќи е произведен од последниот попис и административните податоци, и од тој математички аспект, овој податок е точен. Но, за жал, како што спомна г. Дерала, не сега, туку со векови, ние сме емиграционо подрачје. Целиот Балкан е такво подрачје…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ