Од денеска, првпат по пет години, преговорите меѓу Косово и Србија ќе ги води новиот емисар на ЕУ за дијалог, Петер Соренсен, пренесуваат косовските медиуми.
Денеска (01.02.) е денот кога дипломатот од Данска официјално ја презема функцијата, а ќе се занимава само со дијалогот Косово-Србија.
Соренсен го познава регионот, а како дипломат долги години беше ангажиран во Косово, во рамките на Мисијата на Организацијата на Обединетите нации (УНМИК), како и во други улоги, во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Д. Т.