• Latest

Петков: Прво Бугарите во македонскиот Устав, потоа ќе се тргне ветото за преговори за ЕУ

March 22, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петков: Прво Бугарите во македонскиот Устав, потоа ќе се тргне ветото за преговори за ЕУ

March 22, 2022 13:36
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот премиер Кирил Петков изрази поддршка за европската перспектива на Македонија, но повтори дека претходно треба да се решат одредени работи, како што е почитувањето на правата на Бугарите, „со гаранции во рамките на Уставот“.

Прво да се смени македонскиот Устав и да се внесат Бугарите, а потоа Бугарија ќе го крене ветото за преговарачката рамка во Брисел и Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство, повторно порача бугарскиот премиерКирил Петков во најновото интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Според македонскиот премиер Димитар Ковачевски, пак, соработката со Бугарија е унапредена, воспоставен е нов начин на комуникација, но сè уште нема документ што е прифатлив за двете страни.

И покрај многубројните средби и разговори, напредок кон решение меѓу Софија и Скопје сè уште нема, што вчера од Брисел го нотираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој порача дека позициите на двете земји се различни, македонската е во рамките на Резолуцијата на нашиот парламент, а Бугарија ги има своите ставови, но „има волја да се најде прифатливо решение“.

Утре и задутре во Скопје ќе продолжат разговорите на политичко ниво, кога Османи ќе ѝ биде домаќин на бугарската колешка Теодора Генчовска, а не е исклучена скорешна средба на највисоко ниво, меѓу двајцата премиери. Последните разговори на високо политичко ниво се случија пред еден месец на Минхенската безбедносна конференција, каде што Османи предложи да се изготви сеопфатен документ, протокол, со кој Скопје и Софија засекогаш ќе ги затворат сите отворени прашања, а во претходниот период разговорите се водеа околу бугарските барања од т.н. пакет „четири плус еден“.

Премиерот Ковачевски вели дека штом ќе има документ што е прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и со јавноста. Според него, руската агресија врз Украина покажа дека Европа треба да биде обединета и силна, а тоа мора најпрво да се направи меѓу соседните земји.

Бугарскиот премиер Петков и во најновото интервју ја изрази поддршката за европската перспектива на Македонија, но повтори и дека таа не е безусловна.

– Ние сме за европската перспектива на Северна Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред – рече бугарскиот премиер.

Министерот Османи вчера во Брисел на состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ порача дека почеток на преговорите за време на француското претседателство би била правилна и правична работа, односно дека ни е потребен брз и одлучен исчекор на нашиот евроинтегративен пат. На работниот појадок се разгледувало европското досие на Македонија, а на средбата присуствуваа високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ.

– Случувањата од последните недели го сменија контекстот на нашите разговори, но и на геополитичките и стратешките приоритети на европскиот континент. Нашиот дијалог добива пресвртница во однос на итноста од носење на одлуки што ќе ја детерминираат европската иднина на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан – изјави Османи.

извор: Слободен Печат 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ