• Latest
Ангела Петровска, ЦИВИЛ

Петровска: Децата перманентно се злоупотребуваат во кампањите!

April 12, 2019

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровска: Децата перманентно се злоупотребуваат во кампањите!

April 12, 2019 11:43
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Ангела Петровска, ЦИВИЛ

Ангела Петровска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Покрај сите нерегуларности и злоупотреби со кои се соочуваме во текот на изборните кампањи, пример за најголема злоупотреба која може да се случи е токму манипулацијата со децата и малолетниците, изјави Ангела Петровска од ЦИВИЛ – Центар за слобода на конференцијата „Какви избори – таква иднина“.

„Тоа сме го гледале низ текот на годините, без разлика дали на локални, претседателски или парламентарни избори, злоупотребата со децата секогаш била присутна. Иако секогаш добиваат жестоки критики од институциите, граѓанските организации, медиумите…, за тоа се работи за кршење на законот, политичарите, односно, политичките партии, сепак, продолжуваат со таа пракса“, рече Петровска.

Политичката злоупотреба е забранета со закон. Според член 12 од став 4 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата во политичко или верско организирање и дејствување.

„Па така, и за овие претстојни претседателски избори, во текот на предизборната кампања забележуваме примери за злоупотреба на деца и малолетници, во промотивни реклами, на митинзи и слично…

Во промотивна реклама на независната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова беа прикажани деца кои се седнати во дневната соба со своите родители. Родителите треба да бидат први кои треба да ги заштитат своите деца, а не – преку нив да ги искажуваат своите политички определби… Друг пример за злоупотреба на деца имаше при посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кога за време на средбата со граѓаните во Охрид, имаше деца кои фрлаа цвеќиња по неговиот пат…

На еден од митинзите на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, жена зборуваше дека наводно нејзиниот седумгодишен внук, кој патем не живеел во Македонија, и се јавил, и рекол дека најумно ќе биде доколку таа гласа за Пендаровски. Жената изјави дека нејзиниот внук рекол дека Пендаровски изгледал пристојно и дека личел на некој кој завршил факултет и дека поради тоа таа треба да гласа за него“, додаде Петровска.

Политичките партии и нивните поддржувачи треба да дадат придонес за заштита на децата, а не да ги коирстат во нивните кампањи. Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој и нормален живот во услови на слобода и достоинство, а не да ги „трујат“ најмладите со тоа како треба тие да размислуваат и дејствуваат за нивни одредени цели!

Камера: Трпе Стојаноски
Монтажа: Биљана Јордановска

 

 

Share136TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ