• Latest
Славјанка Петровска, пратеничка во Собрание и член на СДСМ, панел на ЦИВИЛ - Попис: Статистика, не политика/ Фото: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Петровска: Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности

April 29, 2022
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Уставен суд им одговори на независните кандидати: Суд може да оцени уставност на закон, а не на Предлог -законите

July 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Дали по „раскинувањето“, Трамп ќе го депортира Елон Маск?

July 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав

July 2, 2025
Фотографија: Викимедиа/ Graham Crumb/Imagicity.com

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на геноцид

July 2, 2025

ДУИ: Власта не смееше да дозволи изјавата на Кос, дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање

July 2, 2025

(РЕПРИНТ) Моите идентитети не се само потребни проценти

July 2, 2025
Украински воени затвореници Photo: Amnesty International

Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец 

July 2, 2025

Неправилности во здравството ќе може да се пријавуваат на веб-страницата на МЗ

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности

April 29, 2022 23:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Славјанка Петровска, пратеничка во Собрание и член на СДСМ, панел на ЦИВИЛ - Попис: Статистика, не политика/ Фото: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Славјанка Петровска, пратеничка во Собрание и член на СДСМ, панел на ЦИВИЛ - Попис: Статистика, не политика/ Фото: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Јубилеите не ги означуваат и одбележуваат годините сами по себе, туку сите генерации, личности, спроведени активности и и реализирани цели преку кои се оформува и развива една идеја. Идеја што извира од љубовта кон татковината, како израз на чист патриотизам и стремеж за градење на општество на мир и благосостојба“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свечена академија по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија“, која се одржа во Домот на Армијата во Скопје во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, високи претставници од законодавната и извршната власт и членови на Организацијата.

Петровска по повод денешниот Јубилеј упати честитки до членовите на организацијата на резервни офицери за својот придонес во градењето на слободна и независна држава, негувајќи ја слободарската и мирољубивата традиција што не обединува сите нас.

„Затоа во Армијата сè вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите ќе биде со нашата колективна сплотеност, по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето. Организацијата за резервни офицери е пример за модерно дејствување и промотор за евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општеството “, додаде Петровска.

На денешниот настан се обрати и претседателот на организацијата, Гоце Георгиев кој најнапред истакна дека со ништо не може да се замени љубовта кон Татковината, патриотизмот и желбата да се гради општество во кое среќно ќе живеат сите наши граѓани, што претставува мотив и патоказ за понатамошни залагања и успеси.  Тој додаде дека на денешен ден пред точно 70 години борци учесници во НОБ кои се стекнале со офицерски чинови го основале Здружението на резервни офицери на Македонија, кое во текот на 60тите години на минатиот век му се приклучуваат и резервните подофицери.

„Нешто што ја краси нашата Организација е тоа што таа од самиот почеток до денес континуирано дејствува како самостојна и неподелена по партиска и по идеолошка и национална основа. Нераскинлива е соработката со органите за одбрана со Армијата и со сите сродни организации во државата, особено со оние кои во својата активност опфаќаат содржини од областа на одбраната и безбедноста“, истакна Георгиев.

Георгиев додаде дека досегашниот влог е влог за денешните и идните генерации, и е убеден дека  овие генерации ќе ги вградат своите знаења и способности за развој и долговечен просперитет на нашата  суверена и самостојна Република Северна Македонија.

Организацијата на резервни офицери од август 2021 година, е полноправна членка на Меѓу сојузничката конфедерација на резервните офицери на земјите членки на НАТО.

Своите активности ги остварува согласно Законот за одбрана и има за цел преку организирано, континуирано и во соработка со надлежните органи да ги подготвува своите членови за успешно извршување на задачите во одбранбениот систем на Републиката, но и во колективната безбедност.

Во организацијата чиј историјатот започнува во 1952 година, со формирањето на околиски и општински одбори, денес членуваат околу 5.000 резервни и активни офицери.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ